Македонија

Канал 5 со одговор на ,,Лагите и клеветите” на Насер Селмани

,,По ваква правосилна пресуда за тешка клевета и навреда најмалку што можат да направат е да го исклучат Насер Селмани од ЗНМ”, бара Мирчевски во својата реакција

Канал 5 односно директорот на телевизијата Иван Мирчевски објави одговор на ,,Анатомијата на лагите и клеветите” на Насер Селмани, како што ја нарекува вчерашната објава на екс претседателот на ЗНМ кој е правосилно осуден за клевета.

 

Мирчевски реагира на повеќе наводи на Селмани содржани во вчерашното обраќање кон јавноста и бара по одлуката на Апелациониот суд во Скопје ЗНМ да го исфрли од своите редови

,,Имено, по неговата вербална канонада во јавниот простор во кој доминираа навреди, клевети, говор на омраза, манипулации, тешки лаги и паушалности насочени кон мене лично но и кон телевизијата Канал 5, за мене ќе беше самоевтаназија ако овој негов „раскошен вокабулар“ го премолчев институционално”, пишува во реакцијата на Мирчевски.

 

,,Овој човек кој едно време беше и прв човек на ЗНМ, верувале или не, навредите, лагите и клеветите кои ги блуеше од сопствената уста си ги смета за СЛОБОДА НА ГОВОР”, пишува Мирчевски кој се прашува како би изгледал некој негов настап кога тој би користел „слободни говорни активности“ ако ваквиот срамно безочен наратив за еден новинар, за овој лик се некаква форма на слобода на говор.

 

,,Како првостепениот така и апелациониот Суд во Скопје најдоа дека, цитирам: „На вака утврдените факти првостепениот суд применувајќи ги одредбите од член 8, член 9 и член 19 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (ЗГОНК), утврдил дека тужениот сторил клевета спрема тужителите на ден 03.11.2023 година во 12:55 часот…“

 

За жал, нашата тужба беше логичен чекор особено што тој ја одби понудата за јавно извинување, доблестен чин кој досега многумина го прифатија и направија.

 

После ваква правосилна пресуда за тешка клевета и навреда најмалку што можат да направат е да го исклучат Насер Селмани од ЗНМ”, бара Мирчевски во својата реакција.

Вчера клеветите и навредите кон Канал 5 и Иван Мирчевски станаа правосилни со одлука на Апелација

Апелација ги потврдила клеветите на Насер Селмани за Канал 5

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

Охридскиот аеродром добива 4.500 м² нов простор – Николоски најави поголем капацитет за патници

Денеска започна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ – првото големо интервенирање на објектот од неговата изградба.

To top