Македонија

Каракамишева советник на премиерот за човекови права и за владеење на правото

Професорката по уставно право и поранешна членка на Венециската комисија во советничкиот тим на претседателот на Владата

Универзитетската професорка по уставно право Тања Каракамишева е нов советник на премиерот Христијан Мицкоски за човекови права и за владеење на правото.

Со голема чест и задоволство објавувам дека сум ангажирана за Советник од областа на човековите права и владеењето на правото од страна на Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.

Голема благодарност за дадената доверба, која е плод на нашата повеќегодишна соработка.
Голем предизвик и одговорност е да се биде советник за најчувствителната правна материја која ги опфаќа сите материјални и формални аспекти на македонскиот систем, но и меѓународната позиција на човековите права и владеењето на правото.
Ветувам голема посветеност и професионалност во извршувањето на доделените обврски, но и многу повеќе од тоа.
Ветувам работа и резултати!“, порача на Фејсбук поранешната членка на Венециската комисија.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top