Македонија

Карпош ќе стипендира талентирани ученици

Општина Карпош

Општина Карпош продолжува да ги поддржува младите таленти и нивните успеси, преку доделување стипендии за талентирани ученици од основните училишта на својата територија за учебната 2026/2027 година. Право на стипендија имаат ученици кои се жители на Општина Карпош, редовно посетуваат VIII или IX одделение во основните училишта на територијата на општината, имаат одличен успех во претходната учебна година и освоиле I, II или III место, односно награда на натпревари организирани од здруженија и организации акредитирани од Министерството за образование и наука.

При рангирањето ќе се земаат предвид дипломите освоени во VII одделение за учениците кои сега се во VIII одделение, односно дипломите од VIII одделение за учениците кои се запишани во IX одделение.

Бодувањето се однесува на натпревари од областа на науката, литературата, техниката, културата и уметноста, при што највисоко се вреднуваат успесите на меѓународните натпревари и олимпијади. Стипендиите се поделени во две категории. Учениците кои ќе освојат од 12 до 21 бод ќе добиваат 3.000 денари месечно, додека оние со освоени 22 или повеќе бодови ќе добиваат 3.500 денари месечно. Стипендиите ќе се исплаќаат во период од осум месеци во текот на учебната 2026/2027 година.

За учество на огласот потребно е кандидатите да достават барање за доделување стипендија, доказ за жителство во Општина Карпош, потврда дека се редовни ученици, свидетелство за успехот од претходната учебна година, фотокопии од дипломите за освоените места или награди, како и изјава за согласност за обработка на личните податоци. Пријавувањето започнува на 1 септември и трае до 21 септември 2026 година. Документите може да се достават по пошта на адреса: ул. „Никола Русински“ бр. 11, 1000 Скопје, или директно во Архивата на Општина Карпош, со назнака „Апликација за стипендија на талентиран ученик“.

 

Оттука, ги информираме апликантите дека нема да бидат разгледувани некомплетните и ненавремено доставени пријави. Во таа насока, напоменуваме дека ученик кој ги исполнува условите за добивање на стипендија за образование и на стипендија за спорт од Општина Карпош, може да користи само една од нив, по сопствен избор.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top