Македонија

Кируна- шведската европска престолнина на културата 2029 ги повикува македонските уметници да учествуваат со свои проекти

Фондација „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“

Македонските уметници, културни организации и други чинители од областа на културата имаат можност да предложат проекти и идеи за официјалната програма на Кируна – Европска престолнина на културата 2029. Во рамки на подготовката на програмата, Кируна 2029 отвора две можности за учество на уметници и организации од Шведска и од други земји.

Уметнички проекти – „Artistic Projects“, повикот е наменет за уметници и организации кои веќе имаат развиен предлог за среден или поголем уметнички проект што би можел да стане дел од програмата на Кируна 2029. Рокот за поднесување е 31 октомври 2026 година. Тестирајте идеја „Test an Idea“, оваа можност е наменета за оние кои имаат почетна идеја, концепт или размислување за проект, како и за оние кои сакаат да развијат идеја во соработка со други уметници или организации. Идејата не мора да биде целосно развиена во моментот на пријавувањето, а рокот за поднесување е 31 декември 2026 година. Двата повика се отворени за локални, регионални, национални и меѓународни уметници, културни организации и други актери.

На официјалната веб-страница на Кируна 2029 се достапни информациите за повиците и критериумите за уметничките проекти, формуларите за поднесување проектен предлог или рана идеја, најчесто поставуваните прашања, како и презентација на англиски јазик од вебинарот посветен на отворените повици.

Повеќе информации и пријавување:
https://kiruna.se/2029

Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ ја споделува оваа можност со македонската уметничка и културна сцена, поттикнувајќи ги уметниците и организациите да ги искористат можностите за нови европски партнерства, соработки и претставување во рамки на програмата на Кируна 2029.

Најнови вести од: Македонија

Ново проширување на ЕУ со вградена „рачна сопирачка“: новите членки на ЕУ привремено без право на вето!

Новите членки на Европската Унија по приемот треба да се откажат од правото на вето на одлуките што во Унијата се носат со консензус, а постои и можност да им бидат ускратени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозуваат интересите на Унијата, пишува берлинскиот портал „Table.media“, повикувајќи се на предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ во кој имал увид.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

Осум дена притвор за насилникот и лихварот од Черкези, кој му се закануваше на Мицкоски „свињо,ќе те колам на плоштад“ и му упатуваше пцости на семејството!

Осум дена притвор му е определен на 39 годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени кон премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи. СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик.

To top