Македонија

Ќира: НАИ на Ахмети, советниците на Мерко и СДСМ со тајна коалиција ги блокираат Советот на Струга и функционирањето на институциите!

Градоначалникот на Струга Менди Ќира упати од денешната прес-конференција повик за политичка одговорност и за нормално функционирање на институциите, нагласувајќи дека волјата на граѓаните ќе биде решавачка за иднината на локалното владеење.

Менди Ќира обвини дека коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) на ДУИ и Али Ахмети, советничката листа на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко и СДСМ создале тајна коалиција, со цел да ги блокираат седниците на Советот на општина Струга и да го парализираат функционирањето на општинските институции. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Струга експрес“.

Според Ќира, овие постапки им нанесуваат директна штета на интересите на граѓаните и го спречуваат остварувањето на важните проекти на локално ниво. Тој нагласи дека, и покрај блокадите, постои јасно решение за надминување на ваквата ситуација. „Ако продолжат со овие блокади и намерните попречувања, тогаш одговорот ќе им дојде од граѓаните на предвремени избори за Советот на општината Струга.“ – предупреди Менди Ќира.


Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top