Македонија

Клековски: Остануваат уште 3 хоспитализирани пациенти од трагедијата во Кочани,нивната состојба не е критична

Извештај за Состојбата на повредените од трагедијата во Кочани даде директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Пред два ден се врати уште еден пациент од болница во Истанбул, каде беше на лекување по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во болницата „Аџибадем Систина“ остануваат двајца тешко повредени пациенти, чија состојба не е критична.

„Ме радува моментот дека за неколку дена бројот на пациенти во болница се намали на тројца. Двјаца пациенти се на домашно лекување, еден пациент се врати од Истанбул и тој е на домашно лекување. Еден пациент од Клиниката за пластична хирургија, исто така е пуштен на домашно лекување“, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), за време на посетата во Кочани како дел од работната група на Владата.

Еден повреден останува на лекување во Истанбул, додека неколку пациенти неодамна беа отпуштени од Клиниката за пластична хирургија. Во болницата „Пирогов“ во Бугарија, шест пациенти се на лекување.

Двајца пациенти со отворени рани се третираат во болницата во Кочани. Според Клековски, сите повредени кои имаат потреба од физикална терапија ја продолжуваат, а белгиски пластичен хирург неодамна извршил проценка за реконструктивни интервенции. Целта е пациентите да ја вратат функцијата на изгорените екстремитети и да се постигне естетски прифатлив изглед.

На 18 пациенти им е потребна пластична и естетска хирургија, но таквите интервенции сè уште не се спроведуваат поради раната фаза на закрепнување.

Директорката на кочанската болница, Катерина Паниќ Мирчовска, истакна дека кај некои пациенти се неопходни операции за враќање на функцијата на прстите на рацете, а овие зафати ќе бидат извршени.

Во болницата во Кочани неодамна се вработени 20 лица, но директорката нагласи дека недостигот од специјалисти останува предизвик. „Соработката со Клиничката болница во Штип ни помага да го надополниме овој недостиг“, додаде таа.

Буџетот на болницата е зголемен за да се покријат акумулираните долгови. Набавен е нов рентген апарат, а изградбата на новиот физикален центар е при крај. Исто така, се работи на воведување систем за централно снабдување со кислород во хируршките сали.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/988699156667247/

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски најави поевтини станови за брачни двојки помлади од 35 години

Без разлика во кој град и без разлика на кое место во Македонија, ниту една градежна компанија не може да добие дозвола за градба ако не оддели минимум 10 проценти станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која што ќе биде најмалку 20 проценти пониска од пазарната цена, најави премиерот Мицкоски.

Не се укинува вториот пензиски столб – законската одредба за 6%, се префрла во друг закон, рече министерот Велковски

Дали со предлогот за  бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб власта ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои се негови членови?!

Во Битола се одржа литија низ Широк Сокак со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска

По Светата Литургија, чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска беше изнесена во свечена литија низ Широк Сокак, во која се вклучија свештениците, монашките заедници и бројните ходочесници. Со литијата заврши централниот дел од ходочестието во Битола.

To top