Македонија

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

– Епидемијата стивнува бидејќи последните две недели имаме по два нови случаи. Значи, оваа недела, по објавувањето на извештајот од Институтот за јавно здравје, в понеделник, ќе имаме два нови сомнителни случаја. Дека се смирува ситуацијата, говори и фактот дека во моментот на Клиниката за инфективни болести имаме шест згрижени лица, изјави Клековски во однос на извештајот на ИЈЗ за периодот до 8 септември, во кој се наведува дека е регистриран и случај во Свети Николе, посочи Клековски.

Смирувањето на ситуацијата, според Клековски, не е поврзано со заладувањето бидејќи новите случаи се заразени пред три до 14 дена.

-Мислам дека постапувањето по индикации влијаеше и е постигнато тоа што го очекувавме. Сепак, точни закономерности не постојат во оваа епидемија. Имаме три пронајдени мртви гаврани со вирусот во општини во кои нема регистрирано случаи на западнонилска треска (два во општина Карпош и еден во Ресен) – посочи Клековски.

На Клиниката за инфективни болести згрижени се вкупно шест пациенти, од кои само двајца се со потешка клиничка слика. Се работи за пациенти што подолг период се хоспитализирани.

-Тие подолго време се на Клиниката, ставени се на поддршка за дишење. Другите четворица се во стабилна состојба и се на Одделот на невроинфекции. Двајца се водат како сомнителни, бидејќи се понови, а кај другите двајца при крај е процесот на закрепнување и набргу ќе бидат отпуштени од болница, изјави директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

To top