Македонија

Кнаус ја поддржува Македонија за уставни измени со одложено дејство

Според соосновачот на Европската иницијатива за стабилност, членството во ЕУ без право на вето е идеја во ќорсокак

Гералд Кнаус, соосновач на влијателниот тинк-тенк Европска иницијатива за стабилност (ЕСИ), во интервју за ТВ 24 ја охрабрува Македонија да си го турка предлогот за впишување Бугари во Уставот, промена што ќе стапи во сила истовремено со официјализирањето на македонското членство во Европската унија.

„Ако го промените вашиот устав и имате конференции и состаноци, но не постои гаранција дека овој процес ќе доведе до некаков резултат, тогаш зошто би го промениле вашиот устав? Но, постои излез. А излезот е, да се каже – го сменивме нашиот устав, но стапува во сила, правно станува валиден, само на денот кога на пример: ние сме полноправна членка на ЕУ или ние сме полноправна членка на Единствениот пазар и на Шенген“, изјави Австриецот.

Според него, членството во ЕУ без право на вето е идеја во ќорсокак, но отвора врата за концептот – приклучување на единствениот европски пазар до 2028 година.

„Не мислам дека сегашната идеја за прием на Украина или други земји без право на вето ќе успее, но гледам огромна можност за уште една идеја која ја ставивме на маса пред многу години, а тоа е секоја земја што ги исполнува критериумите, би требало во 2028. да може да се приклучи на единствениот пазар. Украина, но и Северна Македонија“, објасни Кнаус.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија ги брани државните интереси достоинствено и со аргументи

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави, оцени премиерот

(Фото): Македонскиот рубин да се заштити како дел од природното наследство на земјата

„Македонски рубин“ добива правна заштита, но и се отвора следната фаза – практична примена на заштитата и воспоставување систем кој ќе гарантира дека називот се користи само за производи што ги исполнуваат утврдените услови.

To top