Македонија

Коцевски да не крие дали Спасовски интервенирал за „Пулс“ да не плати казна од 40.000 евра на УЈП – бара ВМРО-ДПМНЕ

„ Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДСМ, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Јавното обвинителство и Љупчо Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката „Пулс“ во Кочани платила казна од 40.000 евра на УЈП или сепак, како што се тврди во телефонската комуникација што излезе во јавноста, Спасовски интервенирал за да се избегне плаќањето, повторно повика ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одговорност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со заштита на моќниците блиски до СДСМ, потребно е конечно да се стави крај на политичките влијанија во судството. Дали Спасовски ја спасил „Пулс“ од казна и која е неговата улога во аферата? До кога ќе молчи ЈО и Коцевски? Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДСМ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорност мора да има за секој кој е инволвиран во случајот со дискотеката „Пулс“, се додава во соопштението.

„Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството. Секој сомнеж мора да биде расчистен. Секој кој е вмешан во случајот треба да се санкционира. Да се стави крај на заштита на привилегираните функционери на СДСМ и на ДУИ. Време е за владеење на правото и правдата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител

Од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од СЈО, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Историски ден за психијатриската наука во Македонија – промовирани првите акредитирани учебници по психијатрија

Со издавањето на новите учебници, заокружени со денешниот настан, македонската психијатрија добива институционална зрелост – формализирана, акредитирана и систематизирана во сопствено академско издание

To top