Македонија

Кочани: Превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари, психолошка поддршка и бројни донации

Златко Илијев, претседател на ДПД Кочани: Работите се менуваат

Една година по трагедијата во Кочани во која згаснаа 63 животи, а околу 200 млади луѓе беа повредени, дел од лекциите во делот на превенцијата за да не се случуваат вакви трагедии се научени, смета Златко Илијев од Доброволното противпожарно друштво.

– Во секое ќоше на сите угостителски објекти, како и во малопродажни бизниси и останати фирми, значително се видливи ПП апаратите. Мислам дека во тој дел, во тој поглед имаме направено еден голем исчекор. Редовно се сервисираат, редовно се набавува противпожарна опрема, а дали тоа во иднина ќе даде придонес за едно посигурно живеење – допрва ќе видиме, вели Илијев, претседател на ДПД Кочани.

 

Тој посочува дека по една година е зголемен и бројот на млади волонтери пожарникари. Во моментов имаат од 25 до 30 доброволци пожарникари, кои секојдневно учествуваат во гаснењето на пожарите на отворено, но и низ населените места во општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

– Бројот варира од 25 до 30 членови. Единствено радува фактот што на ланскиот повик се пријавија доста млади луѓе. Можеме да се пофалиме со подмладена интервентна единица. Секако, тие деца се под наше менторство. Ние имаме повеќе годишно искуство и го пренесуваме нашето искуство на нив. Значителни структури во промените на друштвото и делувањето нема, така што на таа здрава основа се темели денешното работење, изјави Илијев.

Тој додава дека веднаш по трагедијата и професионалците пожарникари и доброволците пожарникари добиле психолошка поддршка.

– Да, имавме и се уште имаме отворена понуда за психолошка помош. Уште на самиот почеток имавме. Јас лично имам да кажам дека нашите членови се на едно завидно ниво, присебни се. Немаме забележано дека има промена во одредено однесување, но дека сето тоа оставило трага – оставило. Лично за мене, еве јас говорам за пожарот, меѓутоа со доза на резерва, преовладуваат емоциите и мислам дека тоа е многу нормално и многу човечки, затоа што ваквата трагедија е незапамтива на овие простори. Ние во ова четиригодишно искуство, млади во оваа работа, видовме премногу за овие четири години. Факт е дека тоа ќе остане да тлее, рече Илијев.

Во изминатата година бројни донации пристигнаа за Доброволното противпожарно друштво и за ТППЕ- Кочани. Златко забележува дека Доброволното противпожарно друштво во овој момент располага со седум возила кои се специјализирани за секакви видови на интервенции, односно гаснење пожари на отворено и во објекти, како и при интервенции во сообраќајни несреќи.

Илијев упати благодарност до сите амбасади и донатори кои помогнаа во набавката на возилата, но и во заштитната опрема за пожарникарите, кои имаат заштита од одела, шлемови и чизми за секакви видови пожари.

Професионални пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците од Доброволното противпожарно друштво-Кочани на 16 март 2025 година учествуваа во гаснењето на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Професионалците и доброволците сплотени и единствени спасија и голем дел од повредените млади луѓе. 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top