Македонија

Кочински: Врвот на грипот од крајот на јануари до средината на февруари, нема продолжување на зимскиот распуст

Од 5 до 11 јануари регистрирани се 2.322 заболени од грип, што е за 34,6 проценти повеќе во однос на претходната недела. Има средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Има зголемен број заболени, но тоа е очекувано за овој период од годината. Очекуваме бројките и во наредниот период да растат и да се движат во овој ранг. Врвот на грипот се очекува на крајот на месецов до средината на февруари. Оваа сезона растот на бројот на заболени почна неколку недели порано од очекуваното, изјави денеска раководителот на одделот за Епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Драган Кочински.

Во пет регионални центри има многу висока активност на грипот и тоа во Дебар, Охрид, Македонски Брод, Кавадарци и Неготино, додека во четири има висока активност, средна активност има во шест центри за јавно здравје, а во седум се бележи сезонска активност на грипот, рече д-р Кочински. Тој рече дека со оглед на тоа што има средна активност на грипот, тоа засега не дава можност да даваме некакви претерани мерки кои би зафаќале граѓаните, нешто како продолжување на зимскиот распуст.

– Доколку има каква било промена ќе апелираме и ќе дадеме соодветни мерки. Се забележува дека има зголемување на бројот на хоспитализирани и кај возрасните и кај децата и тоа е очекувано за овој период од годината и не се целосно исполнети капацитети на болниците. Комисијата за заразни болести во текот на вчерашниот ден заседаваше и ќе излезе со соодветни препораки. Се препорачува при посета во болница ако таа не е забранета, посетителите да носат маски, рече д-р Кочински.

Тој истакна дека споредено со истата недела од минатата сезона, се регистрира зголемување на бројот на заболени за 2,2 пати, а ако се спореди со просекот од последните 15 сезони, има зголемување од 39,1 процент. – Во текот на оваа недела има ниво на средна активност на вирусот на грип. Најголем број заболени 1.378 заболени се на возраст од 15 до 64 години, а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години и од пет до 14 години. Регистрирани се заболени лица во 25 од 31 регион во државата. Најголем број 556 заболени има во Скопје, а потоа следат Тетово-308, Куманово-266, Охрид-202 итн. Во пет регионални центри има многу висока активност на грипот и тоа во Дебар, Охрид, Македонски Брод, Кавадарци и Неготино, додека во четири има висока активност, средна активност има во шест центри за јавно здравје, а во седум се бележи сезонска активност на грипот, рече д-р Кочински.

Како што вчера беше информирано, посочи тој, во текот на втората недела е пријавен еден смртен случај асоциран со грип. – Се работи за жена од 75 години од Скопје, која била примени во Клиниката за инфективни болести. Кај неа биле регистрирани коморбидитети, не била вакцинирана против сезонски грип и лабораториски било потврдено присуство на инфлуенца А, истакна д-р Кочински.

Потенцира дека во лабораторија на ИЈЗ во текот на втората недела пристигнати се 99 материјали од 26 се позитивни за присуство на грип, а имаме и детектирано и седум случаи на респираторен синцициски вирус и еден случај на Ковид-19. – Досега во текот на сезоната од почетокот на октомври до 11 јануари има 6.147 заболени од грип. Споредено со истиот период од минатата сезона има зголемување на бројот за 2,6 пати, а во однос на просекот има зголемување од 27 проценти. Само во Берово, Делчево и Пехчево нема регистриран случај на грип. Кумулативно досега од пристигнати 515 материјали во ИЈЗ за тестирање, 65 се позитивни на грип сите се со инфлуенца А, а доминира инфлуенца АХ3 односно со 66 проценти од позитивните. Има шест позитивни на Ковид-19 и 21 позитивен на респираторен синцициски вирус, рече д-р Кочински.

Осврнувајќи се на општите мерки, појасни дека се препорачува избегнување простории со голем број луѓе особено ако меѓу нив има такви кои имаат симптоми на респираторно заболување, кашлање, кивање, температура. – Да се проветруваат простории, да се затоплуваат, да се носи слоевита топла облека, да се консумираат витамини, минерали, природно цедени сокови, се што може да го подобри имунитетот. При заболување од грип или друго акутно заразно заболување со респираторна симптоматологија, треба да се остане дома. Децата кои имаат симптоми на акутно респираторно заболување не треба да се носат во градинка и училиште. Ако симптомите не се повлекуваат или се влошуваат децата треба да се однесат кај матичен лекар или инфектолог за медицинска помош. Најдобра мерка за превенција е вакцинацијата против грип. Во Македонија сезонава има нешто повеќе од 79.000 лица вакцинирани против грип, додаде д-р Кочински.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top