Македонија

Кога солзите се посилни од професионалноста: Емотивен настап на Сара Јо во Скопје (ВИДЕО)

Овој трогателен момент ја одбележа вечерта и ја претвори во почит кон починатиот пријател, оставајќи силен впечаток кај присутните.

Српската поп-пејачка Сара Јо на 20 декември 2025 година одржа концерт во еден од популарните скопски клубови, кој премина во силно емотивна вечер посветена на неодамна починатиот македонски музичар Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК.

За време на настапот, Сара Јо, која беше близок пријател на Панчо, соопшти дека ќе изведе песна посветена на него — хитот „Ако утре ме нема“ од ДНК. Како што започнаа првите тонови, пејачката се скрши емотивно: пееше со солзи во очите, плачеше и во еден момент запре да пее, не успевајќи да ги сокрие емоциите пред публиката.

Уште пред концертот, Сара Јо објави емотивна порака на социјалните мрежи: „Во сабота пеам за тебе, мој незаменлив Панчо. Те сакам засекогаш“. Панчо почина на 14 октомври 2025 година од компликации по тешките повреди здобиени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март истата година, каде што загинаа и неговиот партнер Андреј и повеќе членови на бендот.

Овој трогателен момент ја одбележа вечерта и ја претвори во почит кон починатиот пријател, оставајќи силен впечаток кај присутните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Expres (@expres_mk)

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top