Македонија

Кој им забранил на членовите на комисијата на министерот Алиу да дојдат на симпозиумот во Клиниката Жан Митрев?

Зошто е проблем на семинарот на кој учествуваат врвни светски експерти да се анализираат случаите кои ги потегна Кедев?

Со учество на врвни европски и регионални експерти, во Скопје деновиве се одржа меѓународниот симпозиум „Вoдичи во пракса“, во организација на Клиника Жан Митрев.

Според официјалната листа на учесници на симпозиумот каде се зборувало за најновите трендови во кардиоваскуларната медицина  не се појавил ниту еден од членовите на Комисијата на министерот Азир Алиу која ги истражува тврдењата на кардиологот Сашко Кедев за аномалии при лекување на  пациенти  со срцеви заболувања.

 

Според фотографиите на семинарот е присутен министерот Алиу но не и членовите на неговата комисија меѓу кои повеќето номинално се експерти за Кардиологија.

Иако некои од нив се пријавиле на симпозиумот и го потврдиле своето учество тие не дошле во Клиниката Жан Митрев да слушаат и да дебатираат за најновите достигнувања во кардиоваскуларната медицина.

 

Expres.mk разговараше со еден од членовите на комисијата која утрдува дали имало непотребни операции кај некои болници како што тврдеше Сашко Кедев.

Докторот вели дека е точно дека го потврдил присуството но решил да не оди откако од него било побарано да не се појави на семинарот.

Тој одбива да открие кој барал да не  оди во Клиниката Жан Митрев.

Друг лекар вели дека се работи за врвен настан во кардиоваскуларната медицина но ќе било неприкладно да се оди во Клиниката Жан Митрев затоа што постоела опасност да се зборува за случаите за кои Комисијата рече дека не биле изведени според процедурите.

Зошто е проблем на семинарот на кој учествуваат врвни светски експерти во областа да се зборува за случаите кои ги потегна доктор Кедев лекарот не можеше да каже и одби да разговара понатаму.

 

Симпозиумот, реализиран во соработка со Центарот за срце и бели дробови при Универзитетскиот медицински центар од Лајден, Холандија, беше посветен на практичната примена на најновите европски ESC/EACTS клинички упатства во третманот на коронарната артериска болест и валвуларните срцеви заболувања. Преку целодневна научна програма, интерактивни мултидисциплинарни дискусии и презентација на сложени клинички случаи, беа отворени клучни прашања поврзани со современото донесување одлуки, персонализираниот пристап кон пациентите и интеграцијата на иновативните хируршки и интервенциски техники во секојдневната клиничка пракса, објави клиниката Жан Митрев.

Организаторите на семинарот Клиниката Жан Митрев денеска не сакаат да даваат детали за гостите и стручната расправа на настанот и најавија конкретен одговор за утре.

Од  таму изразуваат жалење што поради лични и бизнис интереси дел од македонските лекари не дошле да ги проследат врвните светски трендови во кардиологијата.

Поврзана вест

Додека е под напад од сериозни политички, бизнис и правосудни структури кардиохирургот органзира врвен научен настан во Македонија

Врвни кардиоторакални експерти на меѓународен симпозиум во Клиника Жан Митрев – Европските клинички стандарди во пракса

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top