Македонија

Кој ќе го наследи Ислам Абази?

Во трката за раководната позиција се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

187 јавни обвинители денеска избираат нов раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). За функцијата конкурираат петмина кандидати:

Во трката за раководната позиција се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Изборот се спроведува непосредно, со тајно гласање, а гласачките места ќе бидат отворени од 08:00 до 16:00 часот.

По завршувањето на гласањето, гласовите ќе бидат сумирани на јавна седница. Изборната постапка ја спроведува комисија формирана од Советот на јавните обвинители, во состав Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова.

Кандидатите ги претставија своите програми на седницата на Советот на јавните обвинители на 13 октомври. Меѓу приоритетите што ги истакнаа се зајакнувањето на истражните капацитети, поефикасната борба против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги и зголемувањето на независноста на Обвинителството.

Новиот раководител ќе го наследи Ислам Абази, чиј мандат истекува. Абази беше избран на функцијата во октомври 2022 година, а огласот за избор на негов наследник беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава.

Најнови вести од: Македонија

„Рамковниот“ и „преспанскиот инженеринг“ на Уставот од 17 ноември 1991 со 36-те амандмани за 35 години целосно ја урнисаа македонската „уставна приказна“ (4)

Првиот устав на независна Македонија од 17 ноември 1991 година е од редот на така наречените „национални устави“. Во најголемиот број негови суштински елементи тој беше на исто ниво и содржински и во поглед на содржаните принципи како и 165 други национални устави од вкупно 189 други национални устави во светот. Во изминатите 35 години до денес извршени се осумпати дури 36 амандмански  интервенции во уставот, од што двапати во преамбулата, во 2001 и 2019 година:  никаде во ниеден устав на ниедна држава во светот не се вршени упаѓања во преамбула со амандмани. Ова што се случувало со македонскиот устав од 1991 година. по барање на Грција во 1992 година, потоа „рамковниот инженеринг“ во 2001 година и бришењето на националниот, асномски карактер на Македонија како држава, па „преспанскиот инженеринг“ и бришењето дури и името Македонија на државата со амандмани во преамбула, сето тоа доволно јасно говори каков е сегашниот устав. Тој е сега идентитетски обезличен, со избришана државотворност на македонскиот народ и на неговите врски со матичната држава, за која војувал, со присилно „ампутирани“ врски и со Македонците во соседните држави како тамошни малцинства.

АНБ: Криминални структури подготвувале атентат во соседна земја

Станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаат подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт, атентат врз претходно дефинирано лице, во Грција

Сиљановска-Давкова: Без слободни медиуми нема информирани граѓани, а без тоа демократијата ризикува да се претвори во празна форма

Новинарството не смее да биде ниту продолжена рака на владата ниту нејзин однапред определен противник, туку мора да ја преиспитува секоја форма на моќ, порача денеска претседателката на Македонија

Костадиновски: Изградбата на правна држава во која владеат правото, правдата и еднаквоста е обврска на секоја генерација

Да бидеме генерација која со своите дела ќе ја потврди својата верност кон Уставот и ќе придонесе за изградба на слободна, демократска и просперитетна држава“, се додава во честитката од претседателот Костадиновски до сите граѓани по повод Денот на Уставот“

To top