Македонија

Која професија би ја одбрал Орце Ѓорѓиевски доколку не би бил градоначалник ? (ВИДЕО)

Малкумина ова го знаат за актуелниот градоначалник на Скопје.

Ако не би бил градоначалник, Орце Ѓорѓиевски би бил доктор. Малкумина ова го знаат за актуелниот градоначалник на Скопје. Тој во гостувањето на емисијата „Вечер по 8“, на Алфа тв,  рече дека средното училиште кое тој го завршил е медицина.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

(Видео): Снабдувањето со нафта во Македонија е стабилно, немаме негативни очекувања, вели премиерот

Снабдувањето со нафта и нафтени деривати во Македонија е стабилно и нема да има ограничување на точење, како што најавија некои од земјите во регионот. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека потрошувачката на нафтени деривати е зголемена за повеќе од 10 проценти, со оглед на тоа што и граѓани на соседните држави полнат гориво на бензинските во пограничните места во Македонија, затоа што тука е поевтино, во некои случаи и за половина евро по литар.

Проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД!

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.

Влада: Треба да се почитуваат основните принципи на професионално и етичко однесување во медиумскиот простор! – Недоличното однесување на новинарот Адеми кон Јаневска не е изолиран инцидент!

„Заштитата и унапредувањето на слободата на медиумите и правото на новинарите да поставуваат прашања од јавен интерес, без никакви ограничувања или притисоци се наша обврска, но истовремено, нагласуваме дека ова право подразбира и обврска за професионално, достоинствено и етичко однесување. Слободата на изразување не смее да биде изговор за нарушување на личниот и институционалниот интегритет – се вели во реакцијата на Владата, објавена денеска, а во врска со вчерашниот инцидент во Тетово. „Ти рековме да си земеш преведувач кога доаѓаш во Тетово?!“ – со оваа националистичка провокација ѝ се обрати новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование Весна Јаневска за време на промоцијата на реновираното училиште „Моша Пијаде“ вчера во Тетово, кога ја праша Јаневска дали при доаѓањето во Тетово, зела и преведувач од македонски на албански јазик, со очигледна намера да предизвика скандал. На тоа Јаневска рече дека не ѝ треба преведувач и оти не знае кому му треба преведувач во Македонија за македонски јазик. Ова го објави „Плус инфо“.

Милановиќ: Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен! – Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере!

Има живот и без ЕУ, кажа хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб, осврнувајќи се на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон ЕУ. Тој додаде дека на Македонија ѝ се поставуваат премногу услови и барања. Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Република Хрватска.

Кривична пријава за четворицата битолчани, кои му се закануваа на министерот Тошковски, ем и снимајќи ја таа нивна „забава“!

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”.

To top