Македонија

Колку проценти надминуваат загубите на вода во Македонија?!

Никако да станеме одговорни како народ. Иако е еден од најзначајните природни ресурси на планетата земја, сепак, кон неа се однесуваме како да не е од животно значење. И покрај апелите и плановите за намалување на загубите на питка вода, и последниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика открива дека имаме голем процент на неприходувани […]

Никако да станеме одговорни како народ. Иако е еден од најзначајните природни ресурси на планетата земја, сепак, кон неа се однесуваме како да не е од животно значење. И покрај апелите и плановите за намалување на загубите на питка вода, и последниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика открива дека имаме голем процент на неприходувани количини на питка вода, објави Фактор.

Останува трендот на нецелосно искористување на водите во Македонија, а најновите податоци покажуваат дека во земјава се губат над 60 проценти од водите.

Во последниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, се потенцира дека „неприходуваната вода станува сè поважна во аспект на заштита на природните ресурси, а претпријатијата се соочуваат со големи загуби на водата“.

Според нивниот годишен извештај, процентот на неприходувана вода во 2024 година се движи помеѓу 6 отсто и 95 проценти, во зависност од давателот на водната услуга. Во согласност со последните достапни податоци, процентот на неприходувана вода во 2024 година на ниво на Македонија изнесува 63,21 отсто.

Да биде парадоксот поголем, во споредба со претходната година, количината на вода на влез во системите за водоснабдување бележи зголемување за 6,87 отсто, додека процентот на фактурирана вода е намален за 4,29 проценти во споредба со претходната година.

  • Овој проблем директно влијае врз капацитетот на давателите на водните услуги за финансирање на нови услуги, спроведување на соодветно одржување, како и инвестирање во нови технологии – се посочува во извештајот на РКЕ.

Нивото на неприходувана вода кај давателите на водни услуги за 2024 година врз основа на последните достапни податоци, во однос на 2023 година е зголемено за 0,92 отсто и ја прикажува реалната состојба на неприходувана вода во државата врз основа на досегашните добиени извештаи од претпријатијата.

Од извештајот на РКЕ може да се забележи дека убедливо најголемо ниво на загуби на вода има во Југозападниот регион, каде вкупно нивото на неприходувана вода за 2024 година достигнува до 74,69 проценти. Веднаш зад нив е Полошкиот регион каде пак загубите достигнуваат високи 70,46 проценти, по кои следува Источниот Регион со 64,75 проценти неприходувана вода. По нив, следни на листата со висок процент загуби се Пелагонискиот и Скопскиот регион, првиот со 62,61 отсто, додека вториот со 61,77 проценти.

Под шеесет проценти загуби се Североисточниот регион со 55,56 отсто неприходувана вода, па следува Вардарскиот регион со 54,34 проценти и Југоисточниот регион  со 49,02 отсто загуби на вода.

Регулаторот во извештајот потенцира дека со регулирањето на цените на водните услуги се постигнува реформа на постојниот сектор за водни услуги, со која од давателите на водните услуги се очекува да извршат значајни промени во однос на организациските, управувачките, финансиските и оперативните аспекти во своето работење.

Најнови вести од: Македонија

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

Кисела вода добива сè повеќе првачиња

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, рече дека изградбата на салата во Припор е реализација на долгогодишно барање на жителите. Таа нагласи дека проектот е реализиран во соработка со Владата и Министерството за образование.

To top