Македонија

„Комити Скопје“ повикуваат на одбележување на 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Навивачката група „Комити Скопје“ повикува пред вечниот дом на Делчев

Навивачката група „Комити Скопје“ преку објава на социјалните мрежи повикува на заедничко одбележување на 123-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Во повикот се наведува дека утре сите членови на групата, како и сите Македонци што сакаат да оддадат почит, се поканети да се приклучат на традиционалното чествување на неговиот лик и дело.

Собирот е закажан за 12:00 часот пред „Жабар“, од каде што учесниците ќе се упатат кон црквата „Св. Спас“.

Од „Комити Скопје“ порачуваат дека настанот се одржува во духот на почит кон Гоце Делчев и неговите идеали.

Најнови вести од: Македонија

To top