Македонија

Контролорите на летање најавуваат штрајк, премиерот им порача дека не се плаши од закани

Реактивирање на штрајкот во М-НАВ најавија од Синдикатот на контролори на летање доколку не се усвојат нивните барања за поништување на последниот оглас за вработување на советници и кадри со завршено средно образование, како и барањата за реализација на сите неисполнети точки од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашниот штрајк. […]

Реактивирање на штрајкот во М-НАВ најавија од Синдикатот на контролори на летање доколку не се усвојат нивните барања за поништување на последниот оглас за вработување на советници и кадри со завршено средно образование, како и барањата за реализација на сите неисполнети точки од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашниот штрајк.

По најавата, стаса и категоричен одговор на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, дека „не се плаши од закани“ ги следат проблемите што се појавуваат повторно во државната компанија М-НАВ. До ова доаѓа откако реагираше Струковиот синдикат на контролорите на летање на неколку огласи за примање советници и техничари со средно образование наместо стручни кадри. Контролорите, кои го најавуваат штрајкот за 10 јули, реагираат за серија огласи за, според нив, непотребни вработувања, но и за нарушените односи во државната компанија М-НАВ, за што со писмено обраќање го предупредуваат Управниот одбор.

– Состојбата во М-НАВ е влошена како резултат на сериозно нарушените меѓучовечки односи, блокираните процеси за јавни набавки, неуспешната транзиција на нови технички системи, прекршувањето одредби од Колективниот договор, тајните и неосновани измени во систематизацијата, отворањето несуштински работни позиции и прераспоредувањето без почитување на актите на друштвото до раководството, како и непочитувањето точки од спогодбата помеѓу М-НАВ  и ССКЛ од 13.7.2023, која беше основа за ставање на штрајкот во мирување – се наведува во обраќањето.

Нивната реакција деновиве ја предизвикаа неколку огласи со кои, на пример, се бараа: оператор со четврти степен средно образование со плата од 66.269 денари во националниот Центар за трансмисија на податоците, авторизација и надзор на летовите; двајца гимназијалци без работно искуство со плата од 51.325 денари во Одделението за воздухопловни информации; техничар за климатизација и техничко одржување со личен доход од 50.179 денари; двајца помошници за развој, инвестиции и набавки.

Премиерот Христијан Мицкоски пак, за најавите на Синдикатот за реактивирање на штрајкот во М-НАВ вели дека вработените кои се закануваат со штрајк се истите кои направиле упад во институцијата.

Огласите биле распишани иако претходно Министерството за финансии дало согласност за прием на метеоролози и на инженери, кои се неопходни поради заминувањето на овој кадар во пензија. Синдикатот смета дека е ова продолжување на партиските вработувања што се непотребни, како што правеше претходното раководство на М-НАВ.

– Како се претворија тие инженери и метеоролози во советници и среднисти не ни е јасно и одговор треба да аде Управниот одбор со тројцата директори. Тие вработувања не одговараат на реалните итни и суштински потреби на компанијата. Огласите треба да се поништат, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши преку прераспоредување на постојни вработени во М-НАВ, преку интерен оглас или со додавање работни задачи на недоволно ангажираните  вработени, како и одделенски реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар – потенцираат од Синдикатот.

За премиерот Христијан Мицкоски, причина за најавите за штрајк не е распишаниот оглас за вработување кадри.

– Не мислам дека е тоа причината, се закануваат оние што правеа упад и тепаа. Е сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, и тоа е. А ние од закани не се плашиме – рече Мицкоски.

Во јануари минатата година, еден вработен во М-НАВ, со уште неколкумина непознати, физички нападна тројца вработени во Контролата на летање на Скопскиот аеродром. Напаѓачите тогаш беа поврзани со партијата ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

Новиот Кривичен законик предвидува затвор до 15 години за злоупотреба на државни пари!

Подготовката на новиот Кривичен законик започна уште во 2019 година. Целосно новиот Кривичен законик, со кој се предвидуваат казни затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, денеска беше ставен на првата од четирите јавни расправи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Гласовите на Galaxy: Запознајте го лекарот од Мексико, чиј Galaxy Watch му помогна да се грижи за својата мајка, но и за себе

Гласовите на Galaxy (“Voices of Galaxy“) е серијал од вистински приказни што ги става во преден план Samsung Galaxy корисниците кои ја користат својата страст, креативност и решителност, заедно со технологијата, за да остварат позитивно влијание врз сопствените животи, заедниците и светот околу нив.

To top