Македонија

Костадинов: На СДСМ и треба консолидација, а не кадровски рулет

По оваа оставка се огласи и поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој на социјалните мрежи ја коментира ситуацијата.

По само неколку месеци, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од својата партиска функција. Оваа одлука доаѓа непосредно по низата жестоки реакции и критики во јавноста поради неговите неодамнешни активности и спорни изјави.

По оваа оставка се огласи и поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој на социјалните мрежи ја коментира ситуацијата.

„Овие случувања се чист доказ колку скапо чини играњето кадровски рулет во политиката и како што велат – класично дежа ву на Струмица во пресрет на локалните избори. На СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација, а не ад хок комбинаторики“, напиша Костадинов.

Тој посебно истакна дека нема апсолутно никаква намера да ја навреди личноста или делувањето на својот пријател Рубин Земон, нагласувајќи дека проблемот не е кај поединецот, туку во стратегијата и принципите на партијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top