Македонија

Костадиновски: Нема „чувствителни“ и „недопирливи“ предмети за Уставниот суд, кој одлучува со правни аргументи, без политички и етнички влијанија!

Довербата на граѓаните, независноста на судството и отвореноста кон јавноста се клучни за јакнење на улогата на уставните судови, порача претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на регионалната конференција посветена на прашањето како да се зголеми довербата во уставните судови. Конференцијата, која се одржува денеска и утре, 16 и 17 септември, е посветена на независноста, транспарентноста, отвореноста кон јавноста и разбирливоста на судските одлуки.

На овој настан воведно обраќање имаше и Штефан Пирнер од Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), долгогодишен партнер на Уставниот суд и поддржувач на регионалната соработка.

Костадиновски истакна дека довербата е „најважниот капитал“ на секој уставен суд, бидејќи неговиот авторитет не произлегува од политичка моќ или механизми на принуда, туку од квалитетот на одлуките и довербата што ја ужива кај граѓаните.

Тој предупреди дека современите демократии се соочуваат со ослабена улога на парламентите, посилни извршни власти, демократска ерозија и авторитарни тенденции. Истовремено, уставните судови се соочуваат со критики за прекумерен судски активизам и навлегување во сферата на законодавната власт.

Во својот говор Костадиновски посебно се осврна на неодлучувањето по чувствителни предмети. Како примери ги наведе предметите поврзани со Законот за т.н. СЈО, промената на имињата на улици, плоштади и други објекти во Општина Тетово, ратификацијата на Конечната спогодба и Законот за употреба на јазиците.

„Неодлучувањето никогаш не е неутрално“, порача Костадиновски, додавајќи дека кога Судот не носи одлука, постојната состојба продолжува да произведува правни последици.

Тој нагласи дека по преземањето на функцијата претседател на Судот се определил за пристап според кој не треба да постојат „чувствителни“, „помалку чувствителни“ или „премногу чувствителни“ предмети.

„Постои само уставна обврска Судот да одлучува“, истакна Костадиновски.

Како пример го посочи предметот за т.н. балансер, преку кој, според него, Уставниот суд покажал дека повеќе нема недопирливи предмети.

Вториот важен столб на довербата, според Костадиновски, се транспарентноста и отвореноста. Тој посочи дека Судот вовел практика по седниците јавноста да биде информирана за најзначајните одлуки, а од март годинава седниците се емитуваат во живо.

„Целта не беше да ги направиме одлуките популарни. Целта беше тие да станат поразбирливи“, рече Костадиновски.

Тој нагласи дека граѓаните треба да знаат што значи одредена одлука за нивните права и слободи, но и државните органи да бидат уверени дека Судот одлучува врз основа на правни аргументи, без политички, етнички, верски или други влијанија.

Костадиновски се осврна и на работата на Судот, наведувајќи дека заклучно со претходниот месец биле оформени 239 предмети, што, според него, е рекорден број во споредба со претходните години.

Тој го посочи и Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото за 2026 година, во кој, како што наведе, се констатира дека Судот ги унапредил капацитетите за заштита на уставноста и законитоста, со зголемен број одлуки за укинување или поништување неуставни и незаконски прописи и намалување на бројот на предмети постари од три години.

„Најсигурниот показател дека Уставниот суд навистина ја исполнува својата уставна улога не се аплаузите што ќе ги добие, туку моментот кога носителите на политичката моќ ќе сфатат дека повеќе не можат да сметаат на институционален комодитет и дека единствената граница на нивното постапување е Уставот“, порача Костадиновски.

Најнови вести од: Македонија

Манасиевски: За кубење коса 4 години затвор, за 150 ќебапи 3 години, а одговорност нема за „Ласкарци“ и „Модуларна“ со 30 мртви, ниту за „Мазут“!

„Ова се двојните аршини на мал дел од македонското правосудство раководено директно од СДС и ДУИ. За кубење на коса, се добива 4 години затвор.За кражба на 150 ќебапи, се добиваат 3 години затвор. А за случајот Ласкарци, каде загинаа 16 луѓе, за случајот со модуларната болница, каде загинаа 14 луѓе или пак за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, имаме нула години затвор и нула одговорност.“ – реагира портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Тошковски за истрагата за фалсификуваните возачки дозволи: Судството со казни да спречи вакви кривични дела, а не да одлучува како во минатото!

Вкупно 27 лица опфати истрагата за фалсификувани возачки дозволи, против кои е поднесена кривична пријава поради сомнение за незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба, а министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски синоќа во интервју за МТВ нагласи дека сега на потег се Обвинителството и Судот, кои, како што рече се надева дека ќе донесе законита и праведна одлука, која превентивно ќе делува во иднина.

Финансиска полиција: Тројца осомничени за измама за околу 300 илјади евра, кои ги „переле“ преку пилешки копани!

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички лица и две правни лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Перење пари и други приноси од казниво дело“, „Измама“ „Фалсификување или уништување деловни книги“ и „Даночно затајување“.

Меџити: Разочарувачка е и длабоко неправедна пресудата во Хаг за нашите водачи – командантите на косовската УЧК!

„Денешната пресуда во Хаг во врска со водачите на УЧК е разочарувачка и длабоко неправедна за народот на Косово и за целиот наш народ! УЧК на Косово водеше чиста, одбранбена и праведна војна за слобода, независност и достоинство.“ – со оваа реакција се огласи денес сопретседателот на партијата Вреди Изет Меџити во објавата на фејсбук.

Најнови вести

To top