Македонија

Кражба во автобус со кој се превезувале третооделенци на екскурзија во Крива Паланка

На ученици од Крива Паланка, третооделенци, денеска им биле украдени мобилните телефони и паричниците од автобусот со кој биле на екскурзија. Полицијата ги фатила крадците.

На ученици од Крива Паланка, третооделенци, денеска им биле украдени мобилните телефони и паричниците од автобусот со кој биле на екскурзија. Полицијата ги фатила крадците.

За настанот извести агенцијата „Црво експрес“, која ги превезувала учениците.

„Денеска, 31.10.2025 на паркингот во Битола кај Ракометната се случи тешка кражба на нашиот автобус, кој беше уредно паркиран. Украдени беа повеќе мобилни телефони, пари, новчаници и уште неколку лични предмети на деца кои во моментот беа на својата училишна екскурзија во Битола од ООУ „Илинден“ – Крива Паланка (3-то одделение). По пријава на настанот, полиција дојде експресно брзо како и инспекторите кои по кратка, но детална проверка и на околината и на видеонадзорот, за 40 минути ги лоцира крадците.  Украдените предмети се вратени во целост назад на дечињата и професорите“, објави агенцијата на својата страница на Фејсбук

Агенцијата упати јавна и огромна благодарност дп СВР Битола и до полициските  службеници и инсоекторите кои го расветлиле случајот.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top