Македонија

Крива Паланка и понатаму живее со своите „непослушни граѓани“ на четири нозе(ВИДЕО)

Кризата кулминираше почетокот на месецов, кога полиција и инспектори дојдоа да ги одземат кравите според решение кое веќе беше старо повеќе години.

Во последните месеци Крива Паланка беше во центарот на вниманието поради она што сите го нарекоа „кравјата криза“.

Шестотини крави со години слободно шетаа низ градот и околните села, уништувајќи градини, ниви и нервирајќи ги жителите.

Кризата кулминираше почетокот на месецов, кога полиција и инспектори дојдоа да ги одземат кравите според решение кое веќе беше старо повеќе години.

Тогаш дојде до физички судир, апсења и голем медиумски циркус.

Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го уапсија сопственик и неговите две ќерки откако пружија отпор при обидот за одземање на дел од стадото. Им беше одреден притвор, а потоа поднесено обвинение за спречување службено лице во вршење должност.

Но, реалноста останува иста: кравите се уште се таму.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Expres (@expres_mk)

Се уште пасат каде ќе стигнат, се уште прават штета, а трајно решение се уште не се гледа на хоризонтот.

Кратко кажано: Акцијата заврши, но проблемот не.

Крива Паланка и понатаму живее со своите непослушни „граѓани“ на четири нозе.

Целата кулминација од кравјата криза хронолошки со видеа на линковите подоле

 

(ВИДЕО) Русокоса газдарица дели боксови во кал – Ескалира ,,Кравјата криза” во Крива Паланка

 

Мис ,,краварката” се судри со полицијата во Крива Паланка

 

Се бара притвор за таткото и ќерките кравари од Крива Паланка

НЕОФИЦИЈАЛНО: Осумдневен притвор за сопственикот на кравите и неговите две ќерки од кривопаланечко

Русокоса газдарица што делеше боксови не е меѓу уапсените за ,,Кравјата криза” и излезе со своја верзија за инцидентот

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top