Македонија

Кривична пријава против поранешен директор на „Водовод“ – Кочани за местење тендер од 1,4 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава против A.К.(44), поранешен директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани, З.Г.(53), вработен во претпријатието, Б.А.(64), исто така, вработен во претпријатието и против З.Ј.(55) поранешен вработен во јавното претпријатие, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Второпријавениот, како претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, и трето и четвртопријавените, како членови на Комисија за спроведување на јавна набавка, во текот на 2021 година постапиле спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки и спровеле постапка за јавна набавка на стоки – средство за превентивна санација од пожари на Градската депонија, при што составиле и усвоиле тендерска документација која содржела спецификација за продукти кои не постоеле на пазарот со цел да ја ограничат конкуренцијата меѓу економските оператори и фаворизирање на правно лице од село во општина Могила.

Првопријавениот, иако бил должен да увиди дека постапката не е спроведена согласно Законот за јавни набавки, донел Одлука за избор на најповолен понудувач и во име на КЈП „Водовод“ Кочани склучил договор со што му овозможиле на операторот да се стекне со противправна имотна корист од 1.406.306 денари.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): ССМ ги блокираше „газдите“, побараа почетна плата од 600 евра или генерален штрајк

ССМ во 12 часот ја започна блокадата пред Стопанската комора барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување на сите останати плати. Неколку десетици луѓе излегоа на улица, од нив 21 колку што е потребно за блокада, стоеја пред зградата на Стопанската комора, а останатите на најблиската раскрсница.

Европски правен авторитет на прагот на Уставниот суд: професорот д-р Гоце Наумовски се очекува да биде избран за уставен судија

Д-р Гоце Наумовски, редовен професор на на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со докторат стекнат на Универзитетот во Стразбур, се очекува да биде избран за нов уставен судија. Тој е предлог на Комисијата за избори и именување, а на 18-ти се очекува да биде изгласан и на собраниска седница.

Регулаторна му се заблагодари на Бислимоски за соработката – тој ќе остане на функцијата уште некое време

Регулаторната комисја за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад преку писмено сооштение потврди дека претседателот Марко Бислимоски утрово го известил Собранието дека поднесува оствака од функцијата претседател на РКЕ.

Мицкоски: Протестите на ССМ имаат политичка заднина, Трендафилов дејствува во интерес на опозицијата!

Протестите на ССМ имаат политичка заднина, инструирана, мотивирана и инспирирана од опозицијата, а Слободан Трендафилов е само прокси. Тоа јавноста деновиве ќе го види од она што ние го поседуваме затоа што заслужува да знае кои се лицата што ги блокираат улиците и каква врска имаат со лидерите на политичките партии, ќе види дека се истакнати партиски активисти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ: Подзаконскиот акт за канабис на Владата на Заев и Филипче е во судир со законот! Кој и колку профитирал од бизнисот со канабис?!

Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис. СДС на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис Македонија, реагира ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести

To top