Македонија

Ласовска: Ниту една трагедија нема да остане без одговорност

Со Анкетната комисија ќе се утврди каде затаил системот

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска која истакна дека со иницијативата за  формирање на Анкетната комисија ќе бидат утврдени околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во државата, како за последната во дискотеката Пулс, така и за Модуларната болница во Тетово, Дурмо турс и сообраќајната несреќа на Беса Транс.

„Денеска ние излеговме со предлог и доколку ние навистина сакаме и целата јавност да го расчистиме овој случај нека се допотпишат на нашата иницијатива и како зрели возрасни луѓе и политичари треба да ја одржиме таа Анкетна комисија бидејќи јавноста бара одговори за сите овие случаи и ние како општество генерално треба да дадеме одговори за сите овие случаи, каде затаил системот и кој бил виновен. Никогаш не е доцна да ги извадиме одговорите на површина и одговорноста“, вели Ласовска.

Пратеничката Ласовска посочи дека целта не е политизација на трагедиите туку идентификација на вистинските виновници и порача дека Собранието има обврска да ги расчисти сите нејаснотии, бидејќи јавноста очекува одговорност и транспарентност.

„Сметам дека ние како Собрание мораме тоа да го направиме.  Денеска ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ излеговме со прес – конференција, немаме намера апсолутно никого да заштитуваме за една таква ужасна трагедија и колективна болка, нема потреба никого да криеме, напротив треба одговорите да ги виде јавноста. Не смееме ние како држава да дозволиме да има неодговорени прашања за вакви катастрофални состојби. Треба да бидеме заедно, да направиме заеднички заклучоци, се надевам тоа нема да биде дневна политика, ова трагедија  не заслужува да биде дневна политика, ниту другите претходно. Треба на виделина да ги извадиме сите виновни“, рече Ласовска.

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top