Македонија

„Лазо Ангеловски“ доби систем за следење на потрошувачката на енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес го посети основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, каде што веќе се инсталирани и успешно функционираат современи системи за паметно мерење и управување со потрошувачката на електрична енергија – дел од иницијативата што започна со потпишаниот Меморандум за соработка со Македонски Телеком. На посетата присуствуваа министерката […]

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес го посети основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, каде што веќе се инсталирани и успешно функционираат современи системи за паметно мерење и управување со потрошувачката на електрична енергија – дел од иницијативата што започна со потпишаниот Меморандум за соработка со Македонски Телеком.

На посетата присуствуваа министерката Сања Божиновска, главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Присутните се запознаа со начинот на функционирање на паметниот систем, кој овозможува во реално време да се следи потрошувачката на електрична енергија, да се идентификуваат непотребните загуби и да се креираат стратегии за поефикасно користење на ресурсите.

– Со вакви проекти ја потврдуваме определбата дека енергетската ефикасност мора да почне од темелите – од училиштата. Она што денес го видовме во „Лазо Ангеловски“ е доказ дека партнерствата со приватниот сектор можат да донесат конкретни и мерливи резултати за јавните институции – истакна министерката Сања Божиновска.

Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, нагласи дека компанијата останува доследна на својата стратегија за дигитализација и енергетска одржливост:

– Енергетската ефикасност е клучна за нашата иднина и можеме да ја постигнеме само со заедничка работа. Со нашата модерна технологија и партнерството со институциите, може да направиме вистинска разлика за граѓаните и општеството. Оваа донација е одлучен прв чекор кон енергетски ефикасни училишта и институции кои го носат напредокот и ги штитат ресурсите за идните генерации.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изрази благодарност до Министерството и до Македонски Телеком за поддршката:

– Како општина сме горди што токму едно од нашите училишта е меѓу првите примери на ваква современа технологија. Ова е чекор кој ја унапредува локалната инфраструктура и поставува основа за поширока примена на паметни решенија во образованието.

Директорката на училиштето, Магдалена Петревска, ја истакна практичната придобивка за наставниот и административниот кадар:

– Системот ни овозможува подобра организација на трошоците и поголема енергетска дисциплина. Но најважно е тоа што децата учат од пример – дека рационалното користење на енергијата е секојдневна обврска на сите нас.

Ова е прв чекор во воведувањето паметно следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во јавните институции, а освен во „Лазо Ангеловски“ системот за паметно мерење и управување со електричната енергија е имплементиран и во основните училишта „Мирче Ацев“ (Ѓорче Петров), „Исмаил Ќемали“ (Чаир) и „Кирил Пејчиновиќ“ (Кисела Вода).

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top