Македонија

„Летал“ со 209 километри на час: „Безбеден град“ вчера регистрирал нови 50.652 прекршоци

За еден ден преполовени сообраќајните опомени

Системот „Безбеден град“ во првиот тест период за 24 часа на 1 декември регистрирал 110 илјади прекршоци, додека според информациите од МВР на 2 декември регистрирани се вкупно 50.652 прекршоци, што претставува преполовување на бројот на регистрирани прекршоци. Од нив 48.861 се прекршоци за брзина, 1.366 за црвено светло и 425 за нерегистрирани возила.

„Безбеден град“ за 12 часа во текот на вчерашниот ден регистрирал вкупно 22 600 нови прекршоци од кои речиси 95 проценти или 21 400 за возење побрзо од дозволената брзина. Најмногу 4 300 прекршоци за брзо возење се регистрирани на излез од Скопје кон Тетово, како и на булевар „Никола Карев “ – 3.000 прекршоци. Најголема брзина за која е регистриран прекршок во тест периодот е 209 километри на час.

Од МВР за МИА информираат дека камерите од системот „Безбеден град“ ги регистрираат само оние возила кои сториле сообраќаен прекршок, но не и вкупниот број на возила коишто се движеле по улиците во градот за време на тест периодот.

На прашање од МИА дали системот идентификувал “жешки точки“ на кои се регистрирани најмногу прекршоци за брзо возење или поминување на црвено светло, од МВР велат најбрзо се вози на излез од Скопје кон Тетово и на булевар „Никола Карев“, додека најмногу прекршоци за поминување на црвено се регистрирани на раскрсницата на улицата „Цветан Димов“ и улицата „Џон Кенеди“.

„Системот „Безбеден град“ во периодот од 02.12.2025 година од 00:00 до 12:00 часот има регистрирано најмногу прекршоци за возење побрзо од дозволената брзина на излез од Скопје кон Тетово каде се регистрирани 4.300 прекршоци како и на булевар „ Никола Карев “ каде се регистрирани 3.000 прекршоци за возење побрзо од дозволената брзина. Додека за поминување на црвено се регистрирани најмногу прекршоци на ул. „Цветан Димов“ и ул. „Џон Кенеди“ – 45 прекршоци, стои во одговорот од МВР.

Од МВР, исто така, информираат дека најмалата брзина за која е регистрирана казна во тест периодот е 51 км, додека најголема брзина за која е регистриран прекршок е 209 км на час.

Најнови вести од: Македонија

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

Најнови вести

To top