Македонија

Лидерот на СДСМ имал пријатна средба со поранешни партиски и јавни функционери

Освен неколкумина повеќето се малку познати функционери

Лидерот на СДСМ имал пријатна средба со поранешни партиски и јавни функционери со кои разговарале за повеќе теми.

,,Пријатен и искрен разговор со поранешните носители на јавни и партиски функции во СДСМ. Нивното искуство, совети и поддршка се од големо значење, особено во овој период кога започнува кампањата за претстојните локални избори. Разговаравме за актуелните случувања, предизвиците, но и за можностите што ни претстојат. СДСМ секогаш била и ќе биде партија што цени континуитет, искуство и отворен дијалог”, објави Филипче за средбата.

Меѓу луѓето на објавените фотографии може да се препознаат екс министерот за финансии Никола Поповски, Амбасадорот Тихомир Илиевски и екс директорот на Комисијата за односи со верските заедници Цане Мојановски.

Останатите екс функционери на фотографијата не се познати за пошироката јавност.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Од СДСМ се против се’, но не и против распродавање на Македонија (ВИДЕО)

Да им ставите бел лист хартија, тие ќе потпишат сè само да не треба тие да го платат, само да можат да го платат граѓаните и Македонија, а тие да може што повеќе да украдат од истите и да стават во своите џебови, рече премиерот на синоќешниот митинг во Брвеница

To top