Македонија

Љупчо Путерот ги нападна земјоделските политики на владата, доби 10 незгодни одговори

Се водел од бизнис интересот на Заевци и неколку фирми блиски до него

Поранешниот министер за земјоделство и пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски, ги осуди погрешните политики на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои според него ја загрозуваат иднината на земјоделците и земјоделството во Македонија.

 

Според Николовски, земјоделците се соочуваат со сериозни проблеми, од зголемени субвенции за големите компании до намалување на клучните програми за малите производители.

 

Во одговорот што го доби од министерот за земјоделие Цветан Трипуновски има десет точки на кои Николовски познат како Путерот засега нема контра одговор.

 

,,Се јави Путерот, но веројатно со жешкото време се растопил, па замириса на мувла и криминал, кој го крие.

 

Слушај вака Љупчо, ти прво треба да им дадеш одговори на органите на прогонот за сите коруптивни договори кои ги имаш направено, а истрагите за кои ти се заглавени кај главниот обвинител Коцевски. Па за тоа го браневте во Собрание, да ве спасува”, пишува Трипуновски кои дава 10 одговори на обвинувањата за земјоделците:

 

1. Исплатени се сите заостанати субвенции, кои не ги исплаќавте со години.

 

2. Земјата се распределува кај вистинските земјоделци, а не кај партиските пајташи на СДС кои потоа ја даваа во подзакуп на напатениот земјоделец и печалеа на негов грб.

 

3. Земјоделците имаат пристап до сите програми, но нема ликови од СДС кои од тоа ќаруваа.

 

4. Решен е откупот на сите култури, нема земјоделски производи кои скапуваат на нива како што беше пример во време на СДС.

 

5. Откупните цени се на историски максимум, и тука нема да пишувам фермани, зошто земјоделците знаат, а ти кој не си работел земјоделие никогаш немаш поимање.

 

6. Се инвестира во системи за наводнување.

 

7. Земјоделците имаат партнер во МЗШВ.

 

8. Имаме зголемување на производството на скоро сите земјоделски култури.

 

9. Имаме зголемување на извозот и девизниот прилив од продажба и извоз на земјоделски производу и преработки.

 

10. Земјоделците имаат предвидливост во земјоделските политики и можат слободно да планираат имвестиции на среден и долг рок”.

Трипуновски вели дека Николовски не може да ги разбере неговите аргументи затоа што нема искуство со земјоделие.

,,А да… ти ова неможеш да го разбереш, зошто ниту си соодветно образован и никогаш не си работел земјоделство, а додека го водеше министерството, се водеше од бизнис интересот на Заевци и неколку фирми блиски до тебе”, пишува Трипуновски.

 

Николовски обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ води лоши политики во земјоделието.

„ДПМНЕ ги зголеми субвенциите за големите фирми од 300.000 на 1 милион евра, но истовремено ги укина програмите за малите земјоделци, кои се сржта на земјоделската индустрија“, рече Николовски.

 

Тој додаде дека во исто време, беше укината и авансната предвремена исплата на субвенциите од 30%, која беше воведена од СДСМ и беше пресудна за поддршка на земјоделците во тешките години.

 

„Укинувањето на авансната исплата ги остави земјоделците во финансиска неизвесност“, смета Николовски.

Дополнително, Николовски посочи дека под ДПМНЕ се намалува и буџетот за руралниот развој, кој беше 1,3 милијарди денари во 2023 година, но сега е преполовен на 650 милиони денари за 2025 година. „Овие намалувања директно ја загрозуваат иднината на руралните региони и ги погодуваат земјоделците кои зависат од оваа поддршка“, пишува Николовски.

Николовски го истакна и проблемот со рекордно ниските откупни цени на оризот и пченицата, што ги оптоварува земјоделците. „ДПМНЕ не успеа да обезбеди фер откупни цени за земјоделците“, пишува Николовски, додавајќи дека исто така министерството за земјоделство под водство на ДПМНЕ не го почитува Законот за вино, кој ја гарантираше откупната цена на грозјето. „Лозарите се оставени без правото на фер откупна цена“, истакна Николовски.

„Доколку го погледнеме вкупниот резултат на земјоделскиот сектор под ДПМНЕ, ќе видиме крахирање на ИПАРД програмата, која во времето на СДСМ беше лидер во регионот, а сега се наоѓа на колена“, изјави Николовски. Тој ја осуди и политиката на ДПМНЕ да ги манипулира земјоделците со лаги околу исплатата на долговите, при што, како што истакна, „вистината е дека СДСМ остави најчиста состојба во Платежната агенција“.

„Земјоделците заслужуваат вистинска поддршка, а не манипулации и политички игри“, рече Николовски и додаде дека СДСМ останува посветен на земјоделците и дека во претходниот период беа реализирани бројни позитивни мерки за нив. „Беа воведени значителни субвенции, како што е субвенцијата за тутун и за засадена површина, како и мерки за зелена нафта, кои беа користени од голем број земјоделци“, изјави Николовски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Еднаква поддршка за сите – урбаните општини имаат целосен пристап до услугите на Ресурсниот центар

Општина Карпош, преку потпрограмата АА за инфраструктурни инвестиции во општините, во рамки на двата јавни повика доби средства во вкупна вредност од 694.970.635 денари, наменети за финансирање на 24 проекти. Овие проекти опфаќаат интервенции во локалната инфраструктура, изградба и реконструкција на спортски сали и градинки – инвестиции кои директно го подобруваат квалитетот на живот за жителите на општината.

(Фото): Ресторан на нива, одморалиште без дозвола, градинка без пат – ревизијата утврди серија пропусти во Свети Николе

Утврдени слабости во евидентирањето на имотот, неевидентирано земјиште, несоодветно книжење на инвестициите по нивното завршување, непостоење материјална евиденција при прием и издавање материјали, како и слабости во спроведувањето на пописот на средствата и обврските. Државниот завод за ревизија даде препораки за надминување на утврдените состојби и преземање мерки од страна на надлежните институции и одговорните лица.

Си-Eн-Eн за Македонија: Прекрасната земја на југот од Европа со слоевита историја од византиската и османлиската до југословенската ера

„Земјата со 2 милиони жители, што е малку поголема од Вермонт, сè уште не ги доживеала толпите туристи што го задушуваат поголемиот дел од Јужна Европа секое лето. Оние, кои се вклучени во туристичката индустрија, се претпазливи во привлекувањето на таков вид масовен туризам, што би можело негативно да влијае на квалитетот на животот на жителите. Но, тие знаат дека земјата има многу да понуди и оти туристичкиот сектор сè уште има простор за раст. Опкружена со гребени и врвови, кои нудат пејзажи, што го опфаќаат целиот спектар на четири годишни времиња – од зелени падини до снежни карпи – С.Македонија нуди можност за избирање на патот, по кој поретко се оди како дестинација во Јужна Европа.“ –  ова е почетокот на репортажата на американската глобална телевизија „Си-ен-ен“ за Република Македонија, објавена вчера.

Ѓурѓај по повод 70-иот број на весникот „Илинден“: Ќе продолжиме со темите за подобрување на животот на Македонците надвор од Македонија

Излезе од печат јубилејниот 70-ти број на весникот „Илинден“ кој наидува на голем интерес кај македонската читателска публика во Албанија, во Македонија, но и меѓу македонското иселеништво во светот.

Најнови вести

To top