Македонија

Лукас Жал е годинaшниот добитник на златната „Камера 300“

Светски познатиот кинематографер од Полска, е годинaшниот добитник на највисоко признание што го доделува ИФФК „Браќа Манаки“

 

Лукас Жал е кинематографер во филмот „Татковина“, копродукциски полско-ителијански, германски и француски филм, кој се фокусира на односот меѓу писателот и добитник на Нобеловата награда Томас Ман и неговата ќерка Ерика, актерка, писателка и возачка на рели кои во 1949 година во екот на Студената војна тргнуваат на предизвикувачко патување низ разурнатата Германија.

Во видео обраќање, годинешниот лауреат се заблагодари на жирито предводено од оскаровецот Воли Фостер, своето отсуство го образложи со професионални ангажмани,  најави скорешна посета на Битола и честиташе на останатите добитници, односно на кинематограферот Жонџијанг Лианг од Кина кој доби сребрена „Камера 300“ и на данскиот кинематографер Паул Шпенгеман кој доби бронзена „Камера 300“.

Спред востановената традиција на ИФФК „Браќа Манаки“ синоќа во Битола се доделија железна „Камера 300“ која им припадна на кинематограферите  Максим Катари за филмот „Магарешка убавина“ и на Бенџамин Ечазарета за филмот „Кракатоа“, а со фестивалско одличје се стекнаа и Хулијам Амару кинематографер во филмот „Таму на небото“ кој доби мала „Камера 300“ и Милда Јоудвалките од Литванија која доби кристална „Камера 300“ за камерата во филмот „Покрај ридот на Наполеоновиот шешир“.

Јавна благодарност до тимот и сите што го помогнаа фестивалот искажа директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски, кој потсети дека годинешното издание беше со рекордна понуда.

„Имавме одлична конкуренција, квалитетни филмови, имавме публика, а меѓу нив најмладите, децата кои треба да ги учиме да го сакаат филмот, да ја сакаат кинематографијата. Имавме рекорден број на мастер класови и работилници со кинематографери и автори од филмската индустрија со кои можевме да разговараме со часови во само седум дена и јас сум горд на тоа, посочи Доксевски.

МИА 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top