Македонија

Лукровски: Карпош е заробен од приватни интереси, време е за промени(ВИДЕО)

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека општината е заробена од приватни интереси кои ги замениле зелените површини со градилишта

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека општината е заробена од приватни интереси кои ги замениле зелените површини со градилишта. Тој ветува транспарентна и модерна политика во интерес на граѓаните.

„Во последниве денови слушаме смешни обиди за манипулација, истите луѓе кои ја водат општината сега ме прикажуваат во матни приказни. Јас не ја водам – тие ја водат, и тука е проблемот“, рече Лукровски. Според него, актуелното раководство со спорни урбанистички планови го уништува Карпош, посочувајќи проекти како „бетонското чудовиште кај ‘Алумина’“, пет згради на „Прашка“, проширување на „Настел“, трговски центар пред „Горење“ и City Mall, како и зграда пред СЦ „Борис Трајковски“.

Лукровски посочи дека одлуките се носат нетранспарентно, со последици врз квалитетот на живот, а обвинувањата за „Карпош на вода“ се обид за одвлекување внимание. „Карпош не сака празни зборови. Нудам транспарентна општина, чист воздух и крај на партиските тендери. Тоа е обврска“, порача тој, додавајќи дека „Карпош е општина на граѓаните, а не приватна фирма“ и дека неговата визија ќе стане реалност по изборите.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top