Македонија

Луна паркот готов за една година – убава вест за најмладите, но и за повозрасните

Во врска со тоа дали смета дека проширувањето на улици е најдобар пристап во град кој веќе се соочува со сериозно загадување и прекумерна доминација на автомобили во јавниот простор, оцени дека за овој проблем има паралелен пристап, од една страна ги решаваат тесните грла во градот, од друга се обрнува внимание и на еколошкиот транспорт.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, најави дека постапките на терен за БРТ проектот ќе започнат во 2027, а претходно ќе има набавка на над 100 нови автобуси за обнова на јавниот превоз.

  • За БРТ проектот, прво ми е многу драго што конечно со ЕБОР го откочивме процесот. Тоа беше макотрпна работа изминативе повеќе од три месеци, колку што сум градоначалник во градот Скопје. Верувам дека некаде втората половина на оваа календарска година ќе започнеме со тендерирање на таа постапка. Тоа е сериозен проект за градот Скопје којшто генерално ќе ги среди овие гужви коишто ги имаме сообраќајни, а се поврзани со делувањето на автобусите во трасите во моментов во градот Скопје – изјави Ѓорѓиевски во интервју за Радио Слободна Европа. 

Во однос на ревидирањето на втората траса Кисела Вода до Радишани, рече дека сериозен тим работи на сето тоа и оти не е доволно само да се опфатат правците Ѓорче Петров и Ново Лисиче.

  • Не е доволно ние да ги опфатиме правците Ѓорче Петров и Ново Лисиче. Нас ни треба целосно опфаќање на градот Скопје. Земајќи во предвид дека ние овој руиниран возен парк – флотата на автобуси со којашто располагаме во моментов – којашто долги години не е обновена, ќе ја обновиме со 100 автобуси и поддршка од страна на Владата и дополнително уште најмалку сетина автобуси преку овој проект ние ќе имаме доволно автобуси за да го покриеме цело Скопје. Затоа ни треба додавање на тие две траси. Едната е Радишани, едната е према Драчево, каде што на граѓаните ќе им овозможиме комфорен транспорт од точка А до точка Б и притоа што помалку да користат сопствени автомобили – вели Ѓорѓиевски.

За проблемите со јавниот превоз, доцнењето на автобусите, возниот ред на интернет страниците, вели дека во моментот прави се со она што располагаат да го стават во функција на граѓаните.

  • Јас секогаш сум искрен во моите искази и настапи во јавноста и ова ќе морам да го проверам со директорот Саше Илиевски, којшто знам дека дава се од себе изминатиов период. Ќе морам да проверам, доколку има точна информација или забелешка од некој од граѓаните, еве апелирам да реагираат до градот Скопје, но и до јавното сообраќајно претпријатие. Откако ќе ни стигнат новите 100 автобуси од Владата, 30 автобуси преку БРТ, тогаш ние ќе можеме да дискутираме ако имаме некоја аномалија дека ние не сме направиле се. Но во моментов јас давам се од себе со тоа што располагаме да го ставиме во целосна функција за граѓаните – вели Ѓорѓиевски.

Во врска со тоа дали смета дека проширувањето на улици е најдобар пристап во град кој веќе се соочува со сериозно загадување и прекумерна доминација на автомобили во јавниот простор, оцени дека за овој проблем има паралелен пристап, од една страна ги решаваат тесните грла во градот, од друга се обрнува внимание и на еколошкиот транспорт.

  • Ние не можеме амбиенталниот воздух во главниот град да го подобриме единствено ако набавиме еко-автобуси или единствено ако ги прошириме булеварите и овозможиме понормален проток од оној којшто го имаме во моментот. Тоа се многу процеси коишто треба да ги завршиме наредниот период. Тука спаѓаат и домаќинствата, и гасните централи на коишто работиме интензивно со Владата, обезбедувајќи позиции коишто би биле во иднина гасни централи, преку коишто оние домаќинства кои користат цврсти горива, односно дрва изминативе 30 и повеќе години, би ги обезбедиле со еден топловод за да може алтернативно гориво да користат. Тоа се и мерки и субвенции за такси превозниците коишто се над 2,5 илјади во главниот град за да можат да го обноват возниот парк и да користат еко возила. Така што, ова е сплет на околности во коишто ќе треба да влијаеме по малку во секоја сфера, но на крајот на денот тоа е процес којшто започнува од граѓанинот, а завршува до централните институции, односно до Владата, не само до градот Скопје, во којшто сите ќе треба по нешто да дадеме – реле Ѓорѓиевски.

За новиот Луна парк вели дека тоа ќе биде забавен парк којшто ќе биде за сите возрасти.

  • Конечно Скопје ќе добие Луна парк и како што ветив на граѓаните јас сум длабоко убеден дека ќе успее и постапката, во финална фаза е тендер постапката. Верувам дека ќе биде избран сериозен изведувач и дека до некаде јуни 2027 година ќе може да сечеме лента. Конечно нашите деца ќе добијат едно место каде што ќе им се изградат спомени и ќе можат среќно да го поминат своето детство – рече Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

Пренџов до Тренчевска: Во уплав сте како лист, што ќе падне, само се чека ветерот да го турне! Новиот обвинител да ги истражи Заев и неговиот клан!

„Не можете никој, од прв до последен, да ја скриете исплашеноста и уплавот, кој што го имате од тоа, што ќе се случува во Република Македонија. Зошто? Бидејќи имате јавен обвинител кој де го фалите, де ќе гласате против него, де можеби ќе биде партиски. Но, Ви се враќаат спомените за сите криминали, кои сте ги правеле во министерствата, во владата, во општините и се однесувате како лист во октомври што знаете дека ќе падне на земјата но се чека ветерот кој ќе го бутне!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов, обраќајќи ѝ се директно на пратеничката Јована Тренчевска, инаку и потпретседателка на СДСМ, на денешната седница на Собранието при изборот на новиот државен обвинител Ненад Савески.

Пумпите дадоа „зелено светло“ за поевтинување на горивата за 2, па и за 3 денари по литар

Економската фела, коментирајќи ги предлозите за привремено укинување или намалување на акцизите, велат станува збор за мерка која може да се разгледа, но со голема претпазливост. Искуствата на земјите од ЕУ велат дека таквата мерка покажала дека какво било привремено укинување на фискалните или на парафискалните давачки носи многу краткорочни резултати, кои на долг рок не се покажале доволно ефикасни.

Уставен суд: Со невистините за Законот за употреба на јазиците Пендаровски влијае врз сликата за правниот поредок и институционалниот интегритет на државата!

Реакција на Уставниот суд на Република Македонија во врска со изјавата на поранешниот претседател Стево Пендаровски во врска со предметот, во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците

Подарок кој ја слави вашата моќ: Во месецот на жената, изберете иновација која ве инспирира

Март, месецот во кој се слави жената е секогаш убаво потсетување дека заслужуваме нешта кои не само што ни го олеснуваат денот, туку и нè инспирираат да бидеме најдобрата верзија од себе.

ОМО „Илинден“ – Пирин: Стојан Георгиев-Томовичин го посвети сиот живот да победи правото да биде Македонец – 88 години од раѓањето

На денешен ден, на 18 март пред 88 години се роди Стојан Георгиев – Томовичин, една од најбележитите личности во поновата историја на Пиринска Македонија. Целиот свој живот го посвети, за да победи правото да биде Македонец, но и правата и достоинството на Македонците во Бугарија. Поради ова лежел двапати по 4 години во бугарските затвори во времето на комунизмот. Тој е еден од основачите на ОМО „Илинден“ во 1990 година и нејзин прв претседател. Ова го објави денес ОМО „Илинден“ – Пирин на својот официјален фејсбук-профил.

Најнови вести

To top