Македонија

Македонија без роаминг во земјите од ЕУ – реалност или надеж?!

Европската Унија е чекор поблиску кон олеснување на мобилната комуникација за граѓаните на Западен Балкан. Европската комисија најави дека ќе побара од Советот на ЕУ зелено светло за старт на преговори со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, со цел укинување на роаминг-надоместоците при патувања во Унијата.

Владата на последната седница го потврди усогласениот текст на измените на Законот за електронски комуникации и ќе го испрати до Европската Унија на проверка, со што ќе бидеме меѓу првите земји целосно усогласени со барањата коишто се поставени во програмата „Роаминг како дома“ со цел граѓаните и бизнисите од Македонија да користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни трошоци, информира министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Европската Комисија иницираше предлог за отворање преговори со цел проширување на зоната „Роаминг како дома“ кон државите од Западен Балкан. Овој потег е насочен кон Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, со што се создава основа за целосно укинување на роаминг тарифите за граѓаните и деловните субјекти кои патуваат помеѓу Европската Унија и регионот.

Информацијата од Европската Комисија, како што посочи Андовноски, покажува дека процесот е жив и ние сме вклучени во неговата реализација.

  • Важно е што вчера се отпочна процес со јасна динамика и став на Европската Унија за сите земји од Западен Балкан дека процесот на преговори е отворен, што значи дека можност за пристапување кон „Роаминг како дома“ имаат сите држави од Западен Балкан. Кажав дека ќе бидеме една од првите држави кои ќе го потпише овој договор и ние веќе усогласениот текст на измените на Законот за електронска комуникација го потврдивме на владина седница во вторникот и го испраќме до ЕУ, ЕК и Делегацијата да го проверат и да ни кажат дали тие измени се доволно добри за она што се бара од нас, изјави Андоновски, одговарајќи на новинарски прашања по завршниот настан на проектот „ЕУ-поддршка за развој на капацитети за сајбер-безбедност во Македонија.

Законот, Андоновски посочи, дека предвидува и донесување на два подзаконски акти кои, како што рече, се подготвени и се чека донесување на законот за потоа и Агенцијата за електронски комуникации да ги донесе.

  • На овој начин ние правно сме подготвени да го потпишеме договорот. Со оваа иницијатива на Европската Комисија што ја гледам дека постои, со овој интензитет очекувам дека процесот навистина брзо ќе се движи, изјави Андоновски. 

Процесот, како што посочи Андоновски, зависи од преговарање, а ЕК преговара со сите телеком оператори во Европа не би кажал конкретни датуми, но нагласи дека ние до средината на март ќе бидеме готови и со Законот, доколку биде потврден од ЕК и со правилниците.

  • Потоа оставаме простор и ЕУ да го направи својот чекор и очекувам дека тоа брзо ќе се случува. Очекувам дека ќе биде во текот на 2026 година, изјави Андоновски. 

Проектот „Роаминг како дома“, Андоновски појасни, значи дека пакетите што граѓаните ги плаќаат кај домашните оператори за интернет, телефонија и смс пораки ќе важат каде било во Европската Унија без дополнителни трошоци.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

To top