Македонија

Македонија да се награди со делумна интеграција, побара Вајц!

Известувачот за Македонија во ЕП им го крена притисокот на бугарските европратеници со промакедонските ставови во дебатата

Томас Вајц, известувач на Европскиот парламент за Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во текот на дебатата за европската иднина на земјите од Западен Балкан се заложи за нејзино наградување за напредокот и за спроведените реформи.

„Многу земји во регионот, а секако и Република Северна Македонија, покажаа напредок, спроведоа реформи, ова е видливо. Плаќањата се извршени кон земјата, постои динамика во оваа земја. Се работи на реформите што ги побаравме и ова треба да се награди. Можеби со делумна интеграција на пазарот и нашиот роаминг простор“, рече тој.

Според Австриецот, целта е да не се изгуби мотивацијата во Македонија, додавајќи дека лично верува оти прашањата за идентитетот го растргнале регионот на Западен Балкан.

„Рани се отворени и навистина е многу важно кога една од овие земји ќе постигне напредок и ќе има добри односи со своите соседи. Не ни треба повторно регион со етнички проблеми“, рече Вајц.

Тој посебно им го крена притисокот на бугарските европратеници со алузиите за Бугарија кога зборуваше за соучесништвото на неговата татковина во нацистичкиот режим во Втората светска војна.

„Инвестирањето во помирување и во добри билатерални односи не е лесно. На Австрија ѝ беа потребни 40 години за да признае дека била соучесник во нацистичкиот режим“, рече Вајц.

Кај членовите на ЕП од Бугарија ја прелеа чашата неговото видување за идентитетските прашања.

„Никогаш не би си дозволил да го доведувам во прашање идентитетот на соседна земја. Исто како што не би си дозволил да го доведувам во прашање идентитетот на Бугарија, бидејќи таа беше под турска власт 500 години. Мора да бидеме свесни за реално остварливото градење добрососедски односи меѓу Република Северна Македонија и Бугарија. Имаме улога да го поддржиме градењето на овие добрососедски односи и да не ја занемариме темата“, потенцира Вајц.

Конечно, тој им бркна в око на Бугарите и со вметнатиот амандман за бришење на параграфот 73 од извештајот за Македонија, во кој се бара „реално остварливи резултати“ на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања според Вториот протокол.

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

To top