Македонија

Македонија има способна влада, за разлика од нашата, вели црногорски пратеник

Според Никола Зироевиќ од Социјалдемократи на Црна Гора, Владата на Мицкоски има реални и мерливи резултати

Никола Зироевиќ, пратеник од Социјалдемократи на Црна Гора, критикувајќи ја владата на неговата земја како позитивен пример ја зеде – македонската.

„Ја следам македонската политичка сцена од одредени причини и, за разлика од Црна Гора, Македонија има способна влада. Македонската влада за краток временски период од изборите до денеска успеа со сопствената валута да ја спушти инфлацијата под 3 отсто и има статистика дека 93 отсто од граѓаните на Македонија не работат во недела. Имаме ли ние таква статистика? Дали некој од нас се занимава со тоа? Зошто вие како претставници на парламентарното мнозинство, како пратеници на власта не понудите некоја статистика, па да ни кажете колку луѓе во Црна Гора не работат во недела. Ние таа статистика очигледно ја немаме бидејќи со тоа тука никој не се занимава. Македонија има способна влада со реални и мерливи резултати, а Црна Гора има влада ваква каква што е“, рече Зироевиќ во Парламентот во Подгорица.

Најнови вести од: Македонија

Стоп за деца и малолетници на социјалните мрежи

Според анкета на  Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопјеоддржуваат  дури 78% од  граѓанитете поддржуваат забрана за пристап до социјални медиуми за деца под 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

To top