Македонија

Македонија загуби позната обвинителка, уредник навива да добие врвен истражувачки новинар

Ниту еден високопрофилиран криминалец не завршил во затвор по обвинение на Ленче Ристоска

Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев на свој начин ја коментира оставката на јавната обвинителка Ленче Ристовска.

Златев кој Ристовска не ја анализира како личност туку како обвинителка. Тој забележува дека јавноста не знае за ниту еден познат криминалец кој завршил в затвор по обвинение од Ристовска.

Тоа според Златев покажува дека Ристовска не може да се оцени како успешна обвинителка.

,,Од се она што сум го гледал, искрено, Ленче Ристоска ми делува како пристојна, високо-писмена и елоквентна личност.

Така што, во овој пост не пишувам за Ленче Ристоска како личност, туку за Ленче Ристоска како јавен обвинител.

Прочитав десетици драматичнни објави на реномирани луѓе кои жалат затоа што обвинителката Ристоска си поднела оставка. Доколку стануваше збор за успешен обвинител, ќе го споделев ставот!

Би сакал да ги прашам сите овие луѓе, едно многу едноставно прашање: Кој високопрофилиран криминалец беше ставен во затвор по обвинение на Ленче Ристоска, па сега толку да жалите по обвинителката?

Одговорот е многу едноставен и гласи: Ниту еден високопрофилиран криминалец не завршил во затвор по обвинение на Ленче Ристоска.

Тука завршува секоја дебата за нејзините успеси како обвинител”, вели Златев кој има друга идеја за иднината на обвинителката.

Според него Ристовска може да има блескава кариера како истражувачка новинарка.

,,Нејзините квалитети како човек се друга работа и јас лично сметам дека бившата обвинителка навистина би била извонреден истражувачки новинар (по македонски стандард).

Како истражувачки новинар, Ленче може годишно да добива и по 7-8 награди во државава.

Во истражувачкото новинарство во Македонија, за разлика од обвинителската професија, не треба да ги докажувате делата кои ги товарите на луѓето. Се што ви треба е добра продукција, многу драма и имагинација”, смета Златев кој предвидува дека во тоа сценарио обвинителката може да заработува повеќе од сега.

,,Сметам дека Ленче покрај потенцијалот, го има и друштвото и конекциите за успешна кариера во оваа бранша. Во делот на заработувачката, не верувам дека има бонуси колку во СЈО, ама горе-споменатите не живеат воопшто лошо”, заклучува Златев.

Најнови вести од: Македонија

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

Пациентите биле неправилно лекувани и нивниот животен век бил скратен – вештак од Србија во случајот „Онкологија“

Радославевиќ, во своето вештачење, констатира дека пациентите “биле неправилно лекувани и дека нивната здравствена состојба била влошена и со тоа нивниот животен век бил скратен”

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

(Фото): УЈП ќе обучува студенти за работа во странство – почнуваат обуки за даночни обврски

Управата за јавни приходи најави организирање обуки за студентите кои работат во странство, со цел подобро да ги разберат своите даночни обврски и права. Од таму информираат дека обуките ќе започнат од понеделник, по средбата меѓу директорката Елена Петрова и претставниците на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и Адам Стојановски.

To top