Македонија

Македонска компанија воведува 4-дневна работна недела

Со оваа одлука Магнометал станува првата трговска компанија во Западен Балкан и поширокиот регион што го применува овој модел на полно работно време.

Компанијата „Магнометал“ ДООЕЛ, водечки трговец на градежна опрема и опрема за патна инфраструктура, најави дека од 1 јануари 2026 година воведува пилот-проект со 4-дневна работна недела за сите вработени, без намалување на платите. Со оваа одлука Магнометал станува првата трговска компанија во Западен Балкан и поширокиот регион што го применува овој модел на полно работно време.

„Ние сме убедени дека 4-дневната работна недела ќе ја зајакне благосостојбата на нашиот тим и ќе ја оптимизира нашата оперативна продуктивност“, изјави Радослав Галиќ, сопственик и управител на „Магнометал“ ДООЕЛ.

Тој дополни дека успехот на трговската дејност зависи токму од ефикасноста и фокусот на вработените, а компанијата сака да докаже дека одлични резултати можат да се постигнат попаметно, а не нужно подолго.

Главните цели на шестмесечниот пилот-проект се:

  • позиционирање на Македонија и на „Магнометал“ како регионален лидер во иновативни работни практики;
  • зголемување на продуктивноста преку оптимизација на процесите и елиминирање на неефикасностите;
  • подобрување на благосостојбата на вработените со поголем баланс помеѓу работата и приватниот живот;
  • поголема атрактивност за врвни таленти преку современи и флексибилни услови за работа.

Резултатите ќе се мерат објективно според вкупната продуктивност, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените.

„За да се обезбеди континуирана услуга за клиентите, Магнометал ДООЕЛ ќе имплементира стратегии за покривање, како што се дежурства, за да се осигури дека клиентите нема да забележат прекин во квалитетот на услугата“, нагласуваат од компанијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top