Македонија

Македонски државјанин тешко повреден во Австрија од градежна машина управувана од сонародник

Во тешка несреќа на работното место што се случи во понеделникот навечер, 31-годишен државјанин на Република Македонија се здоби со тешки повреди откако беше згмечен меѓу бетонски ѕид и градежна машина во индустриски погон во австриската општина Едт во близина на Ламбах. Инцидентот се случил околу 19 часот, кога полицијата добила пријава и веднаш излегла […]

Во тешка несреќа на работното место што се случи во понеделникот навечер, 31-годишен државјанин на Република Македонија се здоби со тешки повреди откако беше згмечен меѓу бетонски ѕид и градежна машина во индустриски погон во австриската општина Едт во близина на Ламбах.

Инцидентот се случил околу 19 часот, кога полицијата добила пријава и веднаш излегла на местото на настанот, кадешто пронашла тешко повреден работник чија нога била згмечена од утоварувач со тркала тежок над 15 тони, управуван од 26-годишен сонародник.

По итна интервенција на медицинските служби, повредениот маж бил стабилизиран и пренесен со хеликоптер на итната медицинска помош „Мартин 3“ во болницата во Линц.

Надлежните органи го истражуваат случајот за да утврдат како се случила несреќата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top