Македонија

Македонски глас ја освојува Европа: Тина Русева – победничка на „The Voice of Europe“(ВИДЕО)

Младата и исклучително талентирана пејачка од Струмица, Тина Русева, го освои првото место на престижното европско музичко натпреварување „The Voice of Europe“ 2025!

Младата и исклучително талентирана пејачка од Струмица, Тина Русева, го освои првото место на престижното европско музичко натпреварување „The Voice of Europe“ 2025!

21-годишната Тина, која веќе десетина години живее во Германија со своето семејство, во финалето убедливо ги надмина сите конкуренти благодарение на гласовите на публиката и високите оценки од професионалното жири. Таа се претстави со неверојатна емоција, техника и моќен глас, што повторно ги потсети сите зошто во „The Voice of Germany“ ја споредуваа со легенди како Витни Хјустон и Селин Дион – а многумина тогаш велeа дека на моменти звучи дури и подобро од оригиналните изведби.

По објавувањето на резултатите, Тина веднаш се огласи на социјалните мрежи, видливо возбудена и благодарна:

„Не знам што да кажам, тотално сум збунета. Но еве ќе ви кажам, едно искрено, најискрено благодарам за сите вас што гласавте, го шерувавте видеото да стигне до што повеќе луѓе… Навистина не знам каде се наоѓам моментално, ама голема благодарност до сите вас.“

Ова е уште еден огромен успех за младата уметница која со години го гради своето име на европската музичка сцена. Од натпреварувањето во Германија, преку бројни настапи и сега до европскиот триумф – Тина Русева докажува дека талентот од Струмица може да блесне на најголемите сцени.

Честитки, Тина! Македонија е горда на тебе! 🇲🇰🎤✨

Најнови вести од: Македонија

Скандалозни злоупотреби во МВР! – Полицајци за лажни боледувања менувале матични лекари, за да не одат на работа!

Фондот за здравствено осигурување ја заврши контролата на 80 лица и 105 приватни и јавни здравствени установи, откривајќи бројни злоупотреби при издавање на боледувања. Вкупната казна за установите со неправилности изнесува околу 1,2 милиони денари, а сите случаи се известени во МВР за понатамошно постапување.

Мицкоски: Реконструкција на Владата во мај, или јуни – Нема коалициски договори и преговори со други партии

Премиерот на Владата на Република Христијан Мицкоски изјави дека во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство, или ќе премине во друго министерство.

„Цунами“ од семејни насилства: тетовец секојдневно ѝ се заканувал на сопругата и децата, ја тепал и ја нападнал со нож!

Вчера, на 22 март 2026 година околу 21 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет. Во претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца.

ВМРО-ДПМНЕ: Со намален ДДВ, граѓаните заштедуваат 1,6 милиони евра неделно за горива

Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Башановиќ бил посредник меѓу Заев и Ципрас?

Ова е првпат после долго време ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно да ги поврзе Башановиќ и Заев со конкретни обвинувања за посредништво во Преспанскиот договор, енергетски зделки и можни финансиски обврски, што најверојатно ќе ја заостри политичката реторика во периодот пред претстојните избори.

To top