Македонија

Македонските професори Попоски и Србиноски во престижно издание на „Oxford University Press“

Македонски професори Климе Попоски и Бојан Србиноски со авторски придонес во престижно издание на „Oxford University Press“

Професорите од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (ФТУ), проф. д-р Климе Попоски и доц. д-р Бојан Србиноски, дадоа значаен меѓународен придонес во науката за осигурувањето, земајќи учество како автори на поглавје во новата стручна книга „Solvency II Present and Future“.

Книгата е издадена од страна на реномираната издавачка куќа „Oxford University Press“, што претставува огромен успех за македонската академска заедница.

Уредници на ова капитално дело се светски признатите професори во областа на осигурувањето: Карел Ван Хуле (Karel Van Hulle), Хелмут Грундл (Helmut Grundl) и Мирко Крафт (Mirko Kraft).

Попоски и Србиноски присуствуваа и на официјалната промоција на книгата која се одржа во Брисел, во организација на Германската асоцијација за осигурување.

Од Факултетот за туризам и угостителство – Охрид не го кријат задоволството од овој голем успех на нивниот кадар.

„Горди сме што нашиот факултет континуирано придонесува кон образованието и науката во областа на осигурувањето“, се вели во соопштението на ФТУ објавено на нивните официјални мрежи.

Ова меѓународно признание е уште еден доказ за високиот квалитет на научно-истражувачката дејност што се негува на Охридскиот факултет, позиционирајќи ги македонските експерти рамо до рамо со светските капацитети во осигурителниот сектор.

Најнови вести од: Македонија

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top