Македонија

Македонското радио одбележува 81 година постоење

Својата мисија ја започна со познатото, „зборува радио Скопје“ или во оригинал „зборуе радио Скопје, зборуе радио Скопје“ изговорени во етерот од Владо Малески, писател и борец во НОВ

На овој ден – 28 декември во 1944 година, Македонското радио ја почнува својата мисија со познатото, „зборува радио Скопје“ или во оригинал „зборуе радио Скопје, зборуе радио Скопје“ изговорени во етерот од Владо Малески, писател и борец во НОВ, и потоа растеше од ден во ден. Во 50-тите и 60-тите години од минатиот век радиото стана центар на семејниот живот, единствен извор на информации, музика и култура.

Многу слушатели, потсетуваат од Македонското радио, се сеќаваат на легендарни гласови и емисии како што се вестите, 3 гонга и други емисии од едно време, како и радиодрамите кои освојуваа. Тоа беше време на автентични продукции.

„Радиото имаше клучна улога во негувањето на македонскиот јазик, музика и култура, со емисии посветени на тоа. Гласовите на радиоводителите беа препознатлив симбол, со личности кои останаа вечни во сеќавањата. Денес, после 81 година имаме дигитализација, разновидност на содржини, поголема слобода во креирањето на програмата. Иако конкуренцијата е голема, радиото успева да ја задржи својата уникатна блискост со слушателите. Македонското радио, радио Скопје е глас на граѓаните, чувар на јазикот и сведок на времето во кое живееме. Златните времиња не се само минато. Нивната традиција и влијание продолжуваат. Македонското радио, радио Скопје не е само медиум, туку и звучна меморија на една земја, велат од Македонското радио.

Нагласуваат дека радиото останува симбол на блискост, веродостојност и култура, со посебен фокус на македонскиот идентитет.

-Ова Македонско радио го создаваа и го создаваат новинари, уредници, тонци, музичари, хроничари на времето. Тоа се тие што веруваа и веруваат се уште дека јавниот сервис не е само професија туку мисија. 81 година подоцна, Македонското радио, радио Скопје во време на брзи медиумски промени останува медиум на доверба, непосреден, човечки и присутен. 81 година потоа Македонското радио, радио Скопје е традиција што зборува и глас што трае. Гласот на радиото носи топлина и блискост. Во секакви ситуации радиото е најбрз и најсигурен извор на информации. Ја потикнува имагинацијата – сликите се создаваат во умот. Во дигиталната ера радиото се прилагоди со онлајн стримови и мобилни апликации. Тоа е медиум што ја негува блискоста, веродостојноста и културната поврзаност. Иако светот се менува радиото останува глас што се слуша – симбол на континуитет и поврзаност со народот. 81 година потоа Македонското радио, радио Скопје сеуште зборува. Нека времето го бележи постоењето. Среќен роденден!!!“, порачуваат од Македонското радио.

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

To top