Македонија

Македонците со нови чекори пред институциите за бугарската пропаганда во Албанија

Васил Стерјовски за СОТ7 проговори за бугарската пропаганда во Албанија и битката за македонскиот идентитет

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, гостуваше во албанската телевизија СОТ7, каде говореше за состојбата на македонската заедница во Општина Пустец и за активностите на бугарските фондации во Преспа и Албанија.

Во разговорот со новинарот Илир Шута, Стерјовски се осврна на донациите од бугарски фондации, но и на, како што истакна, политичката и идентитетската заднина на овие активности.

Стерјовски нагласи дека македонската заедница не е против инвестиции и помош од која било држава или организација, но дека тие не треба да се користат за влијание врз националниот идентитет на жителите.

Во интервјуто беа отворени и прашањата за бугарските активности за време на пописот во Албанија, работата на фондацијата „Бугарска меморија“, како и за судскиот спор меѓу фондацијата и МАЕИ.

Стерјовски најави и нови правни чекори пред албанските институции во врска со активностите и финансиското работење на бугарските фондации во Албанија.

Целиот разговор, во кој се отвораат низа прашања поврзани со положбата и идентитетот на Македонците во Албанија, „Македониум“ го објавува во прилог на оваа вест.

Погледнете го целото интервју во видеото.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top