Македонија

Македонците во Бугарија без големи очекувања од Јотова

За Софија, решението е Македонците да ги снема, објаснува Стојко Стојков, лидер на ОМО „Илинден“-ПИРИН и член на МАНУ

Македонското малцинство во Бугарија нема големи очекувања по изборот на Илијана Јотова за старо-нов претседател на источниот сосед на Македонија, вели лидерот на ОМО „Илинден“ – ПИРИН, Стојко Стојков, бидејќи, според него, за Софија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците.

„Нивното разбирање е да се затворат случаите без да се имплементираат пресудите (на Европскиот суд за човекови права – н.п.) и Македонците никогаш да немаат свои организации, да не можат на никаков начин да се интегрираат во општеството, да учествуваат како сите други, рамноправно. Решението е Македонците да ги нема – така тие го гледаат македонското прашање. Решението меѓу Македонија и Бугарија е Македонците да ги снема. Проблемот е што ние постоиме“, изјави Стојков.

„Според мене, единственото решение е Македонија да престане да прави беспринципиелни компромиси, да го витка ‘рбетот, бидејќи тоа ги охрабрува најрадикалните делови од бугарското општество, коишто сметаат дека има надеж тоа да го постигнат. Кога ќе сфатат дека тоа нема да се случи, кога ќе видат дека тоа дава спротивни ефекти и ги компромитира и меѓународно, дека нивната политика всушност создава омраза меѓу двата народа, што е факт, тогаш мислам дека тие ќе се преиспитаат“, додаде членот на Македонската академија на науките надвор од работниот состав, кој своето пристапно предавање го одржа денеска на тема „Идентитетот во Средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“.

Најнови вести од: Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

Клековски: Ќе се основа самостоен Центар за итна медицинска помош Скопје, што може да се прошири на другите градови!

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по коментари за негова објава и даде објаснување што се прави со Итната помош.

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не се штитат со отворени писма, туку со одржливи правни решенија!

Министерот за правда Јетон Шасивари му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, оценувајќи дека ова прашање не треба да се претвора во партиско наддавање и меѓусебни обвинувања.

Средба Мицкоски-Варнс за македонско-американските односи и стратегиското партнерство

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

To top