Македонија

Манасиевски: Александар Наумоски и Драган Крајовски, старите кадри на Заев – нови за Филипче

Новите лица на Филипче, во суштина се стари кадри на Заев. Неквалитетни, некомпетентни и лица кои јавноста не ги памти по добро

Новите лица на Филипче, во суштина се стари кадри на Заев. Неквалитетни, некомпетентни и лица кои јавноста не ги памти по добро. Такви примери се Александар Наумоски и Драган Крајовски, членови на новото раководство на Филипче, напишано од Заев, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да ја потсетиме јавноста на овие двајца нови кадри на СДС.

Александар Наумоски е поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров во периодот од 2017-2021 година, кој е запаметен по тоа што првиот чекор по преземањето на градоначалничката фотелја си ја зголеми платата, и си купи БМВ Х5, а на граѓаните им порача, цитирам: „Па нема ние со магариња да патуваме“. За време на неговиот мандат граѓаните на Ѓорче Петров се соочуваа со сериозни проблеми како недостиг на вода за домашна употреба, недоволен број на места во детските градинки во општината, и комунални проблеми во повеќе населени места. За време на ковид кризата, наместо средствата да бидат насочени кон заштита на здравјето и животот на граѓаните, Наумоски потроши околу 10 милиони денари или околу 180.000 евра за партиски вработувања преку договори за привремени ангажмани. Од вкупно 256 ветени проекти, Наумоски ‘реализираше’ само 18, односно 6,6%, меѓу кои и двапати асфалтирање на истиот кружен тек во Волково во рок од пет месеци. При крајот на мандатот Наумоски се обиде да протурка 25 урбанистички планови за само шест месеци, со цел да може да профитира. Наумоски исто како и Зоран Заев и Венко Филипче, беше дел од сомнителни тендерски шеми. Пример за тоа е набавката на две машини за перење за општинска градинка, по цена од 25.500 евра. Тендерот го добила фирма со седиште во непосредна близина на општинската зграда и соседството каде што живее Наумоски. Фирма која редовно добивала тендери во општина Ѓорче Петров и градинката „Росица“, или за два месеци општината имаше распишано четири тендери, и сите четири ги добила истата оваа фирма.

Од друга страна, неговиот колега Драган Крајовски, исто така неуспешен адвокат, во 2017 година беше именуван за директор на затворот ,,Црн мост“ во Битола од страна на Зоран Заев. Како директор, тој по личен избор вршел распоред на осудени лица за престој во отворени затворски одделенија. На 11 јули 2023 година, во затворот „Црн мост“ избувна пожар во една од затворските ќелии, при што беше повреден затвореник, а за овој инцидент, Крајовски целосно молчеше и не ја информираше јавноста. Европските пари кои беа потрошени за реновирање на затворот се под знак прашања, бидејќи за само 2,5 години, ѕидовите се ронеа, а пречистителната станица не беше во функција. Крајовски се поврзува и со случајот во Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола, за кој ОЈО отвори истрага поради сомнежи за злоупотреба на службената положба, каде што во повеќе наврати користел службено возило за приватни патувања во странство, за време на викенди, во Албанија и Србија. Крајовски инаку, важи за близок до поранешниот директор на АД ЕСМ, сега бегалец, Васко Ковачевски.

– Овие луѓе се остатоци од Зоран Заев, кој Филипче ги собира бидејќи неговиот ментор Заев така му кажал. Со овие луѓе СДС оди под 100.000 гласови“, потенцира во изјавата Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

To top