Македонија

Манасиевски: Дали сопругата на Реџепи Исмаил од Левица била специјален советник во МНР во владата на Зоран Заев?

По информација добиена од свиркачи…

Дали сопругата на Реџеп Исмаил била специјален советник во МНР кога Владата ја предводеше Зоран Заев, во време кога беа потпишани срамните договори со Бугарија и Грција?

По информација добиена од свиркачи, сопругата на Реџеп Исмаил, била специјален советник во МНР додека претседател на таа Влада беше Зоран Заев, односно предводена од СДС и ДУИ.

Ангажманот на сопругата на Исмаил како таков не е проблематичен, туку е контрадикторен со ставовите на Левица, бидејќи тие се против договорите со Грција и Бугарија, а таа била дел од преговорите во тимот на Заев, односно на СДС и ДУИ, кои ги потпиша овие срамни договори на штета на македонскиот народ.

Оттука се поставува прашањето, дали Левица и Реџеп Исмаил го делат истото мислење? Дали Реџеп Исмаил пред јавноста вели дека е против договорите со Грција и Бугарија, а во позадина ги одобрува овие договори? Дали Реџеп Исмаил е против ЕУ и НАТО или тоа е само маркетиншки трик за во јавноста? И најважно, дали со ова се потврдува коалицијата на СДС, ДУИ и Левица?

Левица и со ова потврдува дека и во раководството изгледа сите не го делат истото мислење. Додека Апасиев се труди од петни жили да каже дека договорите со Бугарија и со Грција се штетни, Исмаил истите ги одобрува и поддржува.

Лицемерието и дволичноста на Левица и на Исмаил повторно се докажува. По ова јасно е дека тие се интересираат само за нивните цели, а не за македонскиот народ.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top