Македонија

Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас? (ВИДЕО)

Манасиевски на денешната прес-конференција говореше за скандалот со Мамас и житото од стоковните резерви

vmro-dpmne.org.mk

Интегрален текст од изјавата на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски:

„Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, само затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас на Заеви?

Дали Заев и Љупчо Николовски склучувале договори во 4 очи за местење на тендери? Исто така, кои други грантови, тендери биле добивани и доделувани, а се поврзани со истово ова трио?

Почитувани, почитувана македонска јавност,

Кога се спомнува зборот корупција, првата асоцијација е СДС, Заев, Филипче и Љупчо Николовски.

Власта на Заев, Филипче и Љупчо Николовски меѓу јавноста е позната како најкорумпираната и најкриминалната власт во историјата на Македонија.

Љупчо Николовски своевремено, освен министер за земјоделие, беше и вицепремиер за борба против корупција. Но, наместо да се бори против истата, тој по насока на неговиот ментор Заев, ја создавал и бил активен чинител на истата.

Дека станува збор за корупција, се јавува фактот што по отписот на 2000 тони жито од стоковите резерви на државата во вредност близу 800.000 евра, кое е подарок од Заев и Филипче кон Љупчо Николовски, веќе следната година, тој му возвраќа на Заев со грант од Агенцијата за ИПАРД во вредност од 1,4 милиони евра.

Добитник на овој европски грант е фирмата „Тргопродукт’’ на Заеви, односно познатиот бренд „Мамас’’. Уште по сомнително е тоа што во тоа време, овој грант од 1,4 милиони евра, бил втор најголем грант во историјата на ИПАРД програмата. И ова не е единствен ваков случај, и затоа го повикуваме обвинителството да го истражи ова до крај.

Сега е шансата на обвинителството да се покаже, да отпочне постапка по допрен глас и да ги провери сите овие сомнежи.

А додека Филипче ги разрешува сите околу него, освен тој самиот, нека одговори до кога ќе ја држи функцијата претседател на СДС само за да му удоволи на Заев и на нивните бизнис интереси.

 

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

To top