Македонија

Манасиевски: Дел од правосудните органи бараат плата во вредност од 8 просечни плати со 2% доверба, 360.000 денари би била платата на претседател на суд(ВИДЕО)

Правосудството, иако веќе има едни од највисоките плати во регионот и Европа, бара двојно зголемување на примањата со кое ќе го надмине целиот континент, истакна Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Правосудството, иако веќе има едни од највисоките плати во регионот и Европа, бара двојно зголемување на примањата со кое ќе го надмине целиот континент, истакна Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Македонските правосудни органи добиваат од 2,3 до 3,2 просечни плати или во превод, нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или во евра од 1700 до 2360. Додека пак претседател на суд во Македонија зема околу 180.000 денари или 3000 евра. И овие плати ги добиваат со нешто помалку од 2% доверба од народот.

„Нашите соседи од Србија земаат 2,3 просечни плати, или во превод близу 120.000 денари, или околу 2.000 евра, но со 20% доверба од граѓаните. Исто така, со 20% доверба во судството се и граѓаните на Хрватска, земја членка на ЕУ, таму нивните правосудни органи земаат близу нашите претседатели на судови, односно 3350 евра. Словенија, земја со 41% на доверба во судството, платите на судиите се движат од почеток на кариерата од 107.000 денари или околу 1740 евра, додека пак на крајот на кариерата или на врвот на кариерата, достигнуваат до нешто над 4000 евра. Секако, да не ја заборавиме и една од најразвиените држави, Германија, каде што судиите земаат околу 3300 евра плата или околу 200.000 денари, со притоа доверба од 58% од граѓаните“, рече Манасиевски.

Со последните барања на судиите и обвинителите и нивните здруженија, тие бараат двојно зголемување на платите, со што еден судија би земал околу 160.000 денари плата или пак претседател на некој суд во Македонија би земал 360.000 денари плата, што е над сите примања кои ги добиваат судиите во Европа. Или во превод претседател на суд во Македонија би земал 8 просечни плати, а судија или обвинител би земал околу 3,5 просечни плати. И сето ова почитувани граѓани со само 2% доверба од народот.

„Повикуваме на разумност и работа од страна на правосудните органи“, заклучи Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

Влада: Не знаеме кого чекал Трендафилов во празна сала, премиерот ќе има средба со синдикатите в четврток

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде оти денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ со огромен раст на добивка

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

To top