Македонија

Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да води антимакедонска политика? (ВИДЕО)

По доаѓањето на новата власт во Бугарија, Филипче не почека ниту ден, веднаш се стави на располагање на Румен Радев, и директно изјави дека доколку тој биде на власт, секое едно барање на Бугарија, тој за власт секако дека ќе го исполни

 

Во тотална безидејност за политичкото делување, СДС и Филипче ги бранат бугарските, наместо македонските интереси, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствен но и најгласен во државата кој бара спроведување на бугарските барања е токму Венко Филипче. Ова го прави само уценет политичар. Претходно беше Зоран Заев, а сега е Венко Филипче.

Имено, Венко Филипче е политичар кој како претседател на партија има понизок рејтинг од самата партија, од само 3%, и тој истиот се дрзнува да говори за евроинтегративниот процес на државата, но веќе и граѓаните не се чудат на неговите говори, бидејќи од него и не се очекуваат некакви резултати.

Венко Филипче додека ја чува фотелјата во СДС, поклонета од Зоран Заев, јасно и гласно ги промовира неговите политики на удоволување на секој еден, освен на Македонија и македонскиот народ“, вели Манасиевски.

Тој додава дека по доаѓањето на новата власт во Бугарија, Филипче не почека ниту ден, веднаш се стави на располагање на Румен Радев, и директно изјави дека доколку тој биде на власт, секое едно барање на Бугарија, тој за власт секако дека ќе го исполни.

За среќа на македонскиот народ, Венко Филипче и СДС нема да дојдат на власт, затоа што со овие антидржавни политики и ненаучени лекции одржани од страна граѓаните, на следните избори ќе станат маргинална партија, а веќе на изборите по тие, може и да исчезнат од политичката сцена.

Најнови вести од: Македонија

Легендарен македонист помирен за македонски пасош, жали што не може да помага како почесен конзул на Македонија

Иако е позаслужен за Македонија од многу Македонци промоторот на македонските вредности не може да добие пасош ниту да ја врши симболичната функција што ја имал

(Видео): Огнот кај Драгов Дол слабее, но пожарот кај Велес се шири кон Зелениково

Од 25 пожари што беснееле во земјава во текот на вчерашниот ден, 21 биле изгаснати во текот на ноќта, но четири останале активни. Најголема загриженост предизвикува пожарот кај селото С’лп во Велешко, кој се шири кон Зелениково и селата Добриново и Тисовица.

To top