Во лична забелешка на Михаел Мартенс, дописник за Источна Европа за Франфуртер Алгемајне Цајтунг се коментира писмото на Александар Вучиќ и Еди Рама во кое тие се откажаа од полноправно членство во ЕУ.
За Мартен ниту една земја од кандидатите не се подготвени да бидат дел од ЕУ и Шенген Зоната.
,,Се разбира, во моментов ниту Србија ниту Албанија (ниту која било друга земја-кандидатка, вклучително и Црна Гора) не се подготвени да бидат примени во единствениот пазар и Шенген зоната. Сепак, колумната на Еди Рама и Александар Вучиќ би можела да предизвика важна и долгоочекувана дебата. Последниот пат кога нова членка беше примена во ЕУ (Хрватска) беше пред речиси 13 години, и станува сè појасно дека некои земји-членки на ЕУ, во принцип, не сакаат никакви нови овластувања за вето во рамките на ЕУ, дури и ако земјите-кандидатки ги исполнуваат сите критериуми за пристапување”, пишува Мартенс.
Според него идејата да им се понуди на земјите што ги исполнуваат политичките и економските критериуми (важен предуслов!) пристапување кон Шенген и единствениот пазар има предност за да се избегне стапицата на вето.
,,Значи, ако се сфати сериозно од сите страни (големо ако), ова би можело да иницира пробив и да се стави крај на стагнацијата на проширувањето што влезе во својата втора деценија.
Идејата не потекнува од Вучиќ и Рама, но тие се првите моќни политичари што јавно и јасно ја прифатија како своја. Дури и ако Албанија и Србија не се земјите најсоодветни за спроведување на овој пристап сега, дебатата за тоа сепак може да биде корисна. Предуслов, секако, би бил понудата да биде сериозно сфатена од ЕУ и нејзините членки – посериозно од фарсата што моментално е позната како „политика на проширување на ЕУ“, пишува Мартенс.
Поврзана вест