Регион

Србија се вооружува, 5.5 милјарди евра за авиони, дронови и ракетни системи

Во текот на само 12 месеци, од август 2024 до август 2025 година, владата на Србија под водство на претседателот Александар Вучиќ потпишала договори за купување оружје во вкупна вредност од речиси 5,5 милијарди евра.

Во текот на само 12 месеци, од август 2024 до август 2025 година, владата на Србија под водство на претседателот Александар Вучиќ потпишала договори за купување оружје во вкупна вредност од речиси 5,5 милијарди евра. Оваа сума е два и пол пати поголема од годишниот буџет за одбрана на земјата.

Најзначајните набавки се склучени со Франција и Израел. Во октомври 2024 година, Србија ја уплатила првата рата за 12 француски ловци „Рафал“, во рамки на договор вреден 2,7 милијарди евра. Една година подоцна, потпишан е нов договор со израелската фирма „Елбит Системс“ за 1,64 милијарди долари, кој опфаќа дронови и ракетни системи PULS со повеќекратна употреба.

Поранешниот шеф на Генералштабот, Здравко Понос, смета дека овие зделки имаат главно политичка намена, а не одбранбена. Тој предупредува дека Србија со ова влегува во регионална трка во вооружување со Хрватска, додека Вучиќ ги користи како алатка за стекнување надворешна поддршка.

Воениот аналитичар Александар Радиќ додава дека армијата е целосно исфрлена од преговорите, а зделките се склучуваат директно, без јавни тендери или барање за локално производство. „Овие договори изгледаат како политички и лични инвестиции на Вучиќ, а не како планска надградба на армијата“, истакнува Радиќ.

Политичките коментатори забележуваат дека Вучиќ преку ваквиот пристап се труди да добие поддршка од моќни држави – прво од Франција, а сега од Израел – со цел да ја зајакне својата позиција на власт.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top