Македонија

Маскирани насилници во скопско Маџари претепале дете и тоа го снимале!

Маскирани лица во неделата напладне на фудбалското игралиште во населбата Маџари, во Скопје, физички нападнале група малолетници и со тврди предмети претепале едно од децата, а насилството го снимале со мобилен телефон, извести во понеделникот Министерството за внатрешни работи

Според известувањето, на 18.01.2026 во 13:15 часот Е.О.(37) од Скопје пријави дека на подрачјето на Маџари нејзиниот малолетен син, кој бил заедно со уште двајца негови другари кои заминале на фудбалскиот стадион ‘Борис Трајковски’ да гледаат фудбалски натпревар, бил физички нападнат од неколку лица со фантомки, најверојатно малолетници“.

Според полицијата, досега неидентификуваните насилници употребиле и тврди предмети, а двајца од нив снимале и со мобилен телефон.

„Нетпрес“

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top